УПРАВУВАЊЕ ИЛИ АБОЛИЦИЈА НА НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ: ПРИСТАПОТ НА МИРОВНИТЕ СТУДИИ
Апстракт
Целта на оваа статија е да го истражи начинот на кој мировните сту-
дии третираат две поврзани прашања: нуклеаризмот и милитаризмот. Под
нуклеаризам ги подразбираме практичните начини на ширење на нуклеарните
закани заедно со безбедносното размислување и структурите на моќта кои го
окружуваат ова смртоносно оружје, кое може да доведе до крај на животот на
планетата. Милитаризмот пак се состои од длабоко вкоренетото уверување
дека воената моќ (вклучувајќи ја и нуклеарната) претставува ултимативно
средство за заштита на националната безбедност. Накусо, во контекстуална
смисла, денешниот свет се справува не само со резервите на постојното оружје,
туку и со начинот на размислување околу неговата употреба, редукција или
укинување/аболиција. Општата хипотеза на трудот е дека академските и ин-
телектуалните напори вложени во овие две прашања се (само)лимитирани и се
развиваат во клима на самоцензура и организирана хипокризија. Тоа ги прави не
само неефикасни, туку дури и наклонети кон зачувување на глобалниот status
quo како најдобро решение за одржување на мирот во светот. Научниците од
природните и од техничките науки се фокусирани на техничките аспекти
на менаџирањето со оружјето (избегнување на грешки кои би довеле до ката-
строфа). Но, од научните работници од општествените и од хуманистичките
науки (всушност, од каде што извираат и мировните студии) се очекува да се
зафатат со деконструкција на доминантниот начин на размислување (во ака-
демската заедница и надвор од неа), како и со промоција на идејата дека друг
свет е можен. Или, во спротивно, алтернативата ќе биде нуклеарен холокауст.
Downloads
Авторски права (c) 2024 Билјана Ванковска
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.