МЕЃУНАРОДНА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ, ИНВАЛИДНОСТ И ЗДРАВЈЕ: ВОЗРАСНИ ЛИЦА СО ОШТЕТУВАЊЕ НА ВИДОТ

  • Даниела Димитрова Радојичиќ
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2376701dr
Клучни зборови: МКФ, оштетување на видот, возрасни

Апстракт

Целта на овој труд е да се направианализа на актуелните студии за општите ограничувања при користење на Меѓународната класификација за функционирање, инвалидитет и здравје (МКФ), но и преглед на резултатите од нејзината примена кај возрасните лица со оштетен вид. Пребарувањето на литературата е направено воследните бази: ERIC, EBSCO-Host, ScienceDirect, PROKUEST, SCOPUS и Google Scholar. Статиите се селектирани според тоа дали се однесуваат на некоја од силните и слабите страни на МКФ, како и нејзината примена кај возрасните лица со оштетен вид. Прегледот на литературатае направен со користење на ПРИЗМАкритериумите. Со пребарување на релевантната литература констатирани сеосум статии кои ги исполнуваа критериумите за подобност. Севкупниот заклучок е дека иако МКФ е вредна алатка за опишување како функционира една личност, исто така, таа сама по себе не е инструмент за евалуација.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2023-12-16