МОРАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НА АДОЛЕСЦЕНТИТЕ ВО ДЕНЕШНИОТ ОПШТЕСТВЕН КОНТЕКСТ

Автори

  • Ана Фрицханд Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

МОРАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ЕМПАТИЈА, СОВЕСТ, САМОКОНТРОЛА, ПОЧИТУВАЊЕ, ЉУБЕЗНОСТ, ТОЛЕРАНЦИЈА, ПРАВДА, ВРЕДНОСТИ, ВРЕДНОСНИ ОРИЕНТАЦИИ, МОДЕЛИ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА

Апстракт

Во трудот ce разгледува концептот на моралната интелигенција на адолесцентите во денешниот општествен
контекст. Најнапред е дадена дефиниција на моралната интелигенција, a потоа ce презентирани и објаснети нејзините седум суштински компоненти. Toa ce: емпатија, совест, самоконтрола, почитување, љубезност, толеранција и правда. Потоа следува преглед на денешниот контекст во кој адолесцентите ce развиваат и на улогата на родителите κακό прамарни модели на идентификација. Понатаму ce претставени и дискутирани резултатите од едно поголемо истражување во врска со вредностите, вредносните ориентации и моделите за идентификација кај лица од период на адолесценција и нивните родители. Добиените наоди укажуваат на слабеење на просоцијалната ориентација и на помало преферирање на одредени вредности од страна на адолесцентите, a кои ce дел од компонентите на моралната интелигенција. Toa во голем степен ce должи на негативното влијание на денешниот, морално токсичен свет и системското насилство кое дејствува низ различни канали врз лицата од сите возрасти, посебно засегајќи го вредносниот систем на младите. Како заклучок ce наведени насоките во кои родителите би требало да дејствуваат со цел да го овозможат
оптималниот развој на моралната интелигенција на нивните деца.

Референци

Преземања

Објавено

2007-12-16

Како да се цитира

МОРАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НА АДОЛЕСЦЕНТИТЕ ВО ДЕНЕШНИОТ ОПШТЕСТВЕН КОНТЕКСТ. (2007). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 60(1), 227-241. https://doi.org/10.37510/

Слични трудови

1-10 од 122

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)