ВРЕДНОСТИТЕ И ОБРАЗОВАНИЕТО ВО УСЛОВИ НА ОПШТЕСТВЕНИ ПРОМЕНИ
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
ВРЕДНОСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВЕНИ ПРОМЕНИ, ТРАНЗИЦИЈА, ГРАЃАНСКИ ВРЕДНОСТИ, ДЕМОКРАТСКО ОПШТЕСТВОАпстракт
Во трудот посебно ce осврнуваме на транзициониот период кој предизвика страшна збрка во системот на вредности, Го наметна проблемот на промена на вредностите во отитеството, но и проблемот колку сме ние подготвени тие промени да ги прифатиме. Основната цел на трудот е да ce фокусира вниманието кон воспитанието и образованието како една суштиннска детерминанта за менување на свеста, на вредностите за градење на обрасците за демократско- граѓанско општество, за отварање на процесот за квалитетните измени во животот на граѓанинот, на личноста. Демократското општество промовира трајни вредности како што ce: почитување на човековите права, религиска, етничка, расна и културна толеранција, плурализам, солидарност ,, колективна одговорност, граѓанска коегзистенција, слобода итн.
Прифаќањето на демократските начела и вредностите на граѓанското општество најдобро ce отсликуваат во однесувањето на поединецот. Решавањето на проблемот дискриминација, нерамноправност, општествена маргинализираност, авторитарност на општествениот систем и сл., освен знаење, бара активно следење на промените, што е повторно поврзано со моралното верување кое проникнува во позитивистичко-утилитаристичкиот однос кон светот. Барањето на нови морални принципи за човечкиот живот веќе неколку години ce запира на идејата глобална етика.
Во трудот ce презентирани и резултатите од некои истражувања кои главно ce фокусирани на истражувањето на вредностите кај младите и нивните животни ориентации во приодот на транзиција (1991-2004), кој се` уште трае.
Основниот прблем со кој денес ce соочува македонското општество е како да ce утврдат стратегиите, динамиката и правците на вистинскиот развој на граѓанските вредности и односи низ воспитанието и образованието.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2008 Анета Баракоска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.