НЕОФИЦИЈАЛНИ СТАВОВИ ОД ОФИЦИЈАЛНИ БУГАРСКИ ЛИЧНОСТИ И ИНСТИТУЦИИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ОД КРАЈОТ HA XIX И ПОЧЕТОКОТ HA XX ВЕК
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНЦИ, ИДЕНТИТЕТАпстракт
Во овој прилог презентираме неколку изјави од официјални бугарски личности и претставници на институции во врска со македонскиот идентитет. Тие недвосмислено потврдуват дека претставниците на официјалните бугарски институции биле свесни за посебниот македонски идентитет иако официјално сите ja застапувале, поддржувале и доследно ja бранеле и спроведувале тезата за бугарскиот карактер на македонското население. Наведениве примери ги обезвреднуват приговорите на бугарската историографија дека македонската нација е коминтерновска твроба, измислица на скопските или србокомунистички историчари, дека терминот Македонец ce користел како географска одредница, a не за означување етничка припадност, дека тоа е продукт на македонизмот - протежирал од Стојан Новаковиќ, па дури и на неомакедонистите. Меѓутоа, примерите што ги приведуваме ce од релевантни и компетентни бугарски институции или нивни претставници за кои таквите квалификации немаат место.
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2009 Ванчо Ѓорѓиев

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.