ПОЗИТИВНА ПСИХОЛОГИЈА: ЗОШТО НИ ТРЕБА НОВО ДВИЖЕЊЕ ВО ПСИХОЛОГИЈАТА?
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
ПОЗИТИВНА ПСИХОЛОГИЈА, ПОЗИТИВНИ ЕМОЦИИ И ДОЖИВУВАЊА, ПОЗИТИВНИ ОСОБИНИ, ПОЗИТИВНИ ИНСТИТУЦИИАпстракт
Иако многу научни дисциплини со векови ce насочени кон помагање на луѓето, последниве години ce јавува Позитивната психологија како ново движење, затоа што многу прашања поврзани со тоа како луѓето да ги реализираат сопствените потенцијали и силни страни, како да го направат животот исполнет со среќа и добросостојба, биле занемарувани во научната психологија.
Позитивна психологија е научен приод во истражувањето на позитивните состојби, емоции и доживувања, истражувањето и развојот на позитивните особини и силни страни кај човекот, и примената на сознанијата во развојот на позитивни институции.
Посветена на овие проблеми, позитивната психологија има изгледна иднина, имено, во остварувањето на нејзината суштина и мисија во секоја сфера од психологијата, во науката воопшто и во општествениот живот. Но таа ќе oncmou и придонесува само како движење и платформа, без претензии за строга структура што би ja ограничило. Позитивната психологија како движење има смисла ако наодите од истражувањата ce аплицираат во реалниот живот и на обичниот човек, ако на глобално ниво влијае врз јакнење на постматеријалистичките
вредности, на јакнење на институциите и заедниците во насока да бидат вистинска поддршка и поткрепа на луѓето за кои ù ce формирани.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2010 Огнен Спасовски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.