ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Автори

  • Алма Тасевска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ, УЧИЛИШТА

Апстракт

Образовниот систем во Република М акедопија долги години ce засноваше врз единствена организациска и дидактичко-методска структура. Предметно-одделенскиот часовен систем конципиран од страна на Јан Амос Коменски ги надмина ограничувањата на претходниот недиференциран индивидуален концепт на настава во средновековпите училиштта. Четирите етапи на работа на часот и очигледното покажување на јасните поими на Песталоци, како и формалните наставни степени на Јохан Фридрих Хербарт долго време играа значајна улога во изведувањето на наставата. Ho сите тue ce однесуваа на група, без можност да ce согледуваат индивидуалните карактеристики на учениците.
Но општествените и образовните промени одат во насока на истакнување на индивидуалноста, специфичностите, различностите и заради тоа cè повеќе ce јавува потреба од нивно согледување, почитување, негување и развој. Оттука ce поставуваат барања за модифицирање па образованието во таа насока.
Демократизацијат а како општествен процес своето место го пpoнajдe и во образовапието. Cè nojacнa и повидлива е тенденцијата да училиштата и образованието стапат достапни за интересите, потребите, можностите и афинитетите на секој субјект. Република Македонија со својата специфична социјално-општествена констелација ce придвижува кон овој глобален тренд. Отворени ce првите приватни училишта кои понудија образовен концепт различен од постојниот. Нивната улога во развојот па демократизацијата на образованието во нашата земја е несомнено значајна и заради тоа ce поставува потребата од нивна теоретска елаборација.

Преземања

Објавено

2010-12-16

Како да се цитира

ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. (2010). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 63(1), 61-72. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)