ТЕОРИЈА НА КОНВЕРГЕНЦИЈА НА ТЕРОРИЗМОТ И ТРАНСНАЦИОНАЛНИОТ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ
Клучни зборови:
ТЕРОРИЗАМ, ПОЛИТИЧКИ КРИМИНАЛ, КОМЕРЦИЈАЛЕН ТЕРОРИЗАМ, ТРАНСНАЦИОНАЛЕН ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, БЕЗБЕДНОСТАпстракт
Криминалните и терористичките групи започнуваат да ги комбинираат економските и политичките способности во деведесетите години кога станало очиледно дека многу групи ja изгубиле почетната мотивација и цели. Според тоа, на почетокот на дваесет и првиот век постепено пораснал бројот на групи кои поседуваат карактеристики на транснационални организирани криминални структури и на терористички организаци. Преку анализа на развојот на овие хибридни организации, ce осознава дека мотивацијата, организацијата и операциите на криминалните и терористичките групи исто така ce соединиле и на тој начин тешко е да ce направи аналитичка разлика помеѓу двата феномени.
Теоријата за конвергирање ce однесува на идејата дека криминалните и терористичките организации може да ce спојат ео еден единстеен ентитет кој на почетокот поседува карактеристики на две групи симултано, но има потенцијал да ce трансформира себе си во ентитет кој е поставен на спротивниот крај од криминално-терористичкиот спектар од кој тој започнал. Трансформацијата според тоа ce jaвyвa кога крајните цели и мотиви на терористичката или криминалната организација ce променуваат. За да ce разбере разеојот на овие ентитети, мора да ce земат во предвид и истовремено да ce анализираат криминалните и политичките аспекти.