Професионално согорување, извори на стрес и животно задоволство кај воспитно-образовниот кадар во средното образование во Република Македонија

Автори

  • Софија Георгиевска Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871385g

Клучни зборови:

ПРОФЕСИОНАЛНО СОГОРУВАЊЕ, ИЗВОРИ НА СТРЕС И ЖИВОТНО ЗАДОВОЛСТВО

Апстракт

Во ова истражување имавме цел да одговориме на прашањето дали постои
разлика во поглед на професионалното согорување, изворите на стрес и животното
задоволство помеѓу воспитно-образовниот кадар во средните училишта во Репуб-
лика Македонија во однос на местото на работа, полот и должината на работниот
стаж. Примерокот опфаќа 440 просветни работници од кои 220 се од средните учи-
лишта од внатрешноста на Република Македонија, а 220 се од средните училишта
во Скопје. Истражувањето беше спроведено во периодот помеѓу февруари – април
2018 година.
Резултатите од истражувањето укажуваат дека не постои статистички
значајна разлика во степенот на изразеност помеѓу професионалното согорување,
изворите на стрес и животното задоволство помеѓу воспитно-образовниот кадар
од внатрешноста на Република Македонија во споредба со Скопје. Истражувањето
покажа дека возраста и годините на работен стаж значајно корелираат со професи-
оналното согорување и нивото на доживеан стрес, така што повозрасната група со
најмногу години на работен стаж е најподложна на влијанието на професионално со-
горување и на изворите на наставничкиот стрес.

Објавено

2018-12-16

Како да се цитира

Професионално согорување, извори на стрес и животно задоволство кај воспитно-образовниот кадар во средното образование во Република Македонија. (2018). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 71(1), 373-396. https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871385g

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>