МАЛИТЕ ДРЖАВИ И РАЗВОЈОТ НА НИВНАТА НАДВОРЕШНА БЕЗБЕДНОСНА И ОДБРАНБЕНА ПОЛИТИКА ОД АСПЕКТ НА БЕЗБЕДНОСНИОТ МЕНАЏМЕНТ

Автори

  • Лета Барџиева Миовска Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/godzbo2477457bm

Клучни зборови:

мали држави, надворешна и безбедносна политика, безбедносен менаџмент, безбедносни системи, безбедносни функции

Апстракт

Надворешната безбедносна и одбранбена политика претставува меѓуза-
висна компонента на безбедносниот менаџмент. Согласно со неокласичната
дефиниција на безбедносниот менаџмент во доменот на надворешната безбед-
носно-одбранбена политика, тој опфаќа низа практики, стратегии и принципи
насочени кон заштита на средствата, информациите и ресурсите од различни
закани и ризици преку развој на цивилни и воени вештини. Од аспект на ре-
алистичка теорија, природата на меѓународната структура е дефинирана со
нејзиниот уредувачки принцип, односно со рамнотежата и дистрибуцијата на
моќта помеѓу државите и меѓународните институции. Оттука, се поставува
прашањето која е позицијата и улогата на малите држави во меѓународниот
систем од аспект на безбедносниот менаџмент, од каде и произлегува главната
хипотеза на овој труд, што ја истакнува потребата од соодветно менаџирање
на безбедносните трендови, како на национално ниво, така и во поширок меѓу-
народен контекст.
Преку примена на индуктивен метод на квалитативна анализа на при-
марни и секундарни извори, компаративен приказ на комбинирани податоци и
идентификација на каузални влијанија се истакнува улогата на механизмите
кои имаат најмногу потенцијал да постигнат оптимален исход во позициони-
рањето на малите држави со ограничено политичко влијание и низок безбедно-
сен удел. На тој начин, преку примена на соодветни модели за спроведување на
функциите на безбедносниот менаџмент, малите држави создаваат простор за
учество во безбедносните маневри.

Објавено

2024-12-25

Како да се цитира

МАЛИТЕ ДРЖАВИ И РАЗВОЈОТ НА НИВНАТА НАДВОРЕШНА БЕЗБЕДНОСНА И ОДБРАНБЕНА ПОЛИТИКА ОД АСПЕКТ НА БЕЗБЕДНОСНИОТ МЕНАЏМЕНТ. (2024). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 77(1), 457-486. https://doi.org/10.37510/godzbo2477457bm

Најчитани трудови од истиот автор(и)