КОН ОДРЖЛИВИ КОНФЛИКТНИ РЕШЕНИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ

Автори

  • Александар Павлески Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/godzbo2477427p

Клучни зборови:

конфликт, решавање, разрешување, предизвици, решенија

Апстракт

Предвидувањата и очекувањата за помирољубиви, побезбедни и
кооперативни односи во меѓународниот систем со почетокот на XXI век, за
жал не се остварија. Имено, и денес сме сведоци на бројни насилни внатрешни,
но и конфликти помеѓу држави, чиешто решавање и разрешување не е ниту
на повидок. Оттука, неминовно се наметнува дилемата за апликативноста,
ефикасноста и одржливоста на постоечките пристапи за справување со
конфликтите, т.е. дали истите нудат прифатлива платформа за креирање
реални решенија, а во таа насока, кои се и главните предизвици на овој план.
Во тој контекст, целта на анализата во трудот е истражување на можните
одговори на посочената дилема. За таа цел, фокусот е конкретно ставен
на анализа на постоечките предизвици од односот теорија - практика и од
излезните решенија врз апликативноста и одржливоста на инструментите и
методите на пристапите за решавање и за разрешување на конфликти.

Објавено

2024-12-25

Како да се цитира

КОН ОДРЖЛИВИ КОНФЛИКТНИ РЕШЕНИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ. (2024). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 77(1), 427-455. https://doi.org/10.37510/godzbo2477427p

Најчитани трудови од истиот автор(и)