МЕЃУЗАВИСНОСТА НА ПЛАНИРАЊЕТО, ПРОГРАМИРАЊЕТО И БУЏЕТИРАЊЕТО

Автори

  • Оливер Бакрески Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/godzbo2477295b

Клучни зборови:

планирање, програмирање, буџетирање, буџет, буџетски процес

Апстракт

Планирањето е важна процесна функција и е многу сложена, динамична
и специфична активност што значи дека неговиот предмет го сочинуваат
сите облици на општествена активност, дејности и живот. Планирањето
и програмирањето се подеднакво значајни за сите субјекти без разлика на
нивната големина и цели, бидејќи сите тие имаат искусено болни проблеми
со нивните планирачки напори. Некои произлегуваат од самиот планирачки
процес, а некои од имплементирачката процедура. Затоа се поставува
прашањето: „Како да се помогне во надминување на неуспесите во планирањето
од неуспесите во имплементацијата?“ Оттука, раководниот тим нема из-
бор во однос на прашањето: „Дали тој сака да планира или не?“ Единствени-
от избор е планирањето да се изведува целосно, прагматично и систематично.
Од друга страна, програмирањето го поврзува планирањето со буџетирањето
и извршувањето, и претставува своевидна рационална претпоставка за да се
„претвораат“ плановите од усвоени планови во програми, односно проекти
и активности низ главни сметководствени категории, а во согласност со
посакуваните способности и приоритети. Анализата на целокупната
проблематика обработена во овој труд се остварува на еден мошне специфичен
начин низ призмата да бидат идентификувани не само проблемите поврзани
со планирањето, програмирањето и буџетирањето, туку и давање научен
придонес во фундирањето на оваа мошне важна условеност и меѓузависност.

Објавено

2024-12-25

Како да се цитира

МЕЃУЗАВИСНОСТА НА ПЛАНИРАЊЕТО, ПРОГРАМИРАЊЕТО И БУЏЕТИРАЊЕТО. (2024). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 77(1), 295-327. https://doi.org/10.37510/godzbo2477295b

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>