ИНТЕГРИРАЊЕ НА МОРАЛНОСТА ВО ИНТЕЛИГЕНТНИТЕ МАШИНИ – МОЖЕ ЛИ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА САМОСТОЈНО ДА НОСИ МОРАЛНИ ОДЛУКИ?

Автори

  • Ана Фрицханд Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
  • Билјана Блажевска Стоилковска Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје https://orcid.org/0000-0002-8905-5301 (неидентификуван)

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/godzbo2477195f

Клучни зборови:

моралност, морално расудување, морално одлучување, вештачка интелигенција

Апстракт

Со експанзијата на вештачката интелигенција и напредните
технологии, светот во 21 век бргу се менува и наметнува нова динамика
на живеење. Иако ваквите промени ги засегаат сите возрасти, помладите
генерации побрзо ги прифаќаат и реагираат попозитивно на нив. Новите
кохорти - генерација Z и алфа - живеат во дигитален свет кој влијае врз нивниот
начин на живот, интерперсоналните релации, квалитетот на менталното
здравје, психолошката благосостојба и секојдневните предизвици со кои се
соочуваат. Присуството на таканаречениот „Франкенштајн ефект“ кај
некои возрасни, предизвикан од брзиот развој на вештачката интелигенција и
роботиката, ја одразува позицијата „луѓето против машините“, сфаќајќи ја
вештачката интелигенција како закана за човештвото. Сепак, реалноста е
дека дигиталниот и човековиот свет не се во конфликт, бидејќи многумина
веќе секојдневно ги користат алатките на вештачката интелигенција. Таа
е присутна во одредени аспекти на медицината, образованието, бизнисот,
правото, земјоделието, индустријата, вселенската технологија и во многу
други области. Имајќи го ова предвид, доменот на моралот се наметнува
како многу важен. Едно често поставувано прашање е: Дали вештачката
интелигенција има капацитет самостојно да донесува морални одлуки? Затоа,
интегрирањето на моралот во алгоритмите на вештачката интелигенција
е еден од приоритетите на кои интензивно работат интердисциплинарни
тимови од областа на инженерството и компјутерските науки, психологијата,
филозофијата, социологијата, правото итн. Овој труд го разгледува ова прашање
преку презентирање на наоди од неодамнешни релевантни истражувања кои ги
дискутираат предизвиците и можностите за интегрирање на димензиите на
моралот и воведувањето на човечките вредности во автономните системи кои
извршуваат сложени задачи.

Објавено

2024-12-25

Како да се цитира

ИНТЕГРИРАЊЕ НА МОРАЛНОСТА ВО ИНТЕЛИГЕНТНИТЕ МАШИНИ – МОЖЕ ЛИ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА САМОСТОЈНО ДА НОСИ МОРАЛНИ ОДЛУКИ?. (2024). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 77(1), 195-224. https://doi.org/10.37510/godzbo2477195f

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>