ПОЛИТИКА НА КРАЛСТВОТО СХС/ЈУГОСЛАВИЈА КОИ МИГРАЦИОНИТЕ ДВИЖЕЊА НА ТУРСКОТО И МУСЛИМАНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ОД ВАРДАРСКИОГ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА 1918-1941 ГОДИНА

Автори

  • Борче Илиевски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

БАЛКАНСКИ ВОЈНИ, МУСЛИМАНСКО НАСЕЛЕНИЕ, КОНВЕНЦИЈА ЗА ИСЕЛУВАЊЕ, ТУРЦИЈА, КРАЛСТВО СХС/ЈУГОСЛАВИЈА, МИГРАЦИИ, ТУРЦИ

Апстракт

Воените порази и повлекувањето на Османлиското царство од балканските земји во XIX и почетокот на XX век биле причина за значајни етнички и демографски промени на Балканот. Иселувањето на турското и муслиманското население од Македонија по Балканските војни било само продолжение на еден подолготраен процес, кој претходно ce одвивал во соседните земји. Од Вардарскиот дел на Македонија ce иселувале како Турците, така и дел од Македонците муслимани и Албанците. По создавањето на Кралството на СХС/ Југословиаја, југословенските влади, особено во триесетите години настојувале по примерот на Грција, Бугарија и Романија да склучат договор со Турција за организирано иселување на дел од турското, но и друго муслиманско, пред ce` албанско население. Во 1938 година југословенската и турската влада потпишале Конвенција за иселување на 40.000 турски и муслимански семејства од територијата на Југославија, односно од Македонија и Косово. Заради внатрешниге отпори, надворешните притисоци и почетокот на Втората светска војна оваа Конвенција не била ратификувана од двете земји.

Преземања

Објавено

2009-12-16

Како да се цитира

ПОЛИТИКА НА КРАЛСТВОТО СХС/ЈУГОСЛАВИЈА КОИ МИГРАЦИОНИТЕ ДВИЖЕЊА НА ТУРСКОТО И МУСЛИМАНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ОД ВАРДАРСКИОГ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА 1918-1941 ГОДИНА. (2009). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 62(1), 305-317. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)