ЈАЗИЧНИОТ ПЛУРАЛИЗАМ ВО УСТАВОТ НА ПЕТТАТА ФРАНЦУСКА РЕПУБЛИКА

Автори

  • Ило Трајковски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

ЈАЗИЧНА ПОЛИТИКА, УСТАВ, ПЕТТАТА ФРАНЦУСКА РЕПУБЛИКА, ЈАЗИЧЕН ПЛУРАЛИЗАМ, УСТАВЕН АМАНДМАН, РЕГИОНАЛНИ ЈАЗИЦИ

Апстракт

Во прилогот ce анализира внесувањето на јазичниот плурализам во Уставотна Петтата француска Република, со уставните измени од јули 2008 година. Со усвојувањето на амандманот 75-1, Република Франција
и уставно призна дека нејзиното население не зборува само француски, туку и бројни регионални јазици и дека тиe ce дел од француското културно наследство. Оваа уставна интервенција претставува новина за Релублика Франција во споредба со начинот на третирање на јазичкото прашање и јазичниот плурализам во претходниот уставен развој на француската република. Како и секоја новина и оваа, ce случипо совладувањето на бројни и силни отпори и контроверзии. Во прилогот ce прикажуваат главните моменти и чинители на политиката на традиционалната јазична политика на Франција и во врска со тоа прашањето на јазичкиот плурализам, најзначајните фази во процесот на препознавање, признавање и регулирање на јазичниот плурализам, и основните карактеристики на најосновото уставно решение, од јули 2008 година.

Преземања

Објавено

2009-12-16

Како да се цитира

ЈАЗИЧНИОТ ПЛУРАЛИЗАМ ВО УСТАВОТ НА ПЕТТАТА ФРАНЦУСКА РЕПУБЛИКА. (2009). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 62(1), 79-96. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)