ФЕМИНИСТИЧКА ЕТИКА - ОДГОВОР НА ЕЛИТИЗМОТ, СЕКСИЗМОТ И РОДОВИТЕ ОБРАСЦИ ВО МОРАЛОТ
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
ФЕМИНИСТИЧКА ЕТИКА, РОДОВА ПРИРОДА НА МОРАЛОТ, РОДОВИ ОБРАСЦИ, РОДОВО-ЕДНАКВА ЕТИКААпстракт
Појавата на феминистичката етика, како нова област во рамките на традиционалната западна етика, е еден од плодовите на заложбите на поборниците за женските права и ослободување од секаков вид доминација и дискриминација, кои својот глас го пројавија преку женското движење, познато како феминистичко движење. Во „ гиланиската офанзива “ за вистинска рамноправност на жените и мажите во општеството, активизмот на модерниот феминизам од шеесеттите години на XX век, не е насочен само кон решавање и подобрување на
општествениот статус на жените, туку и кон корегирање на начинот на видувањата и толкувањата на женскиот свет, кој превладува ео општествените науки.
Во овој труд вниманието е посветено на феминистичката етика, како обид да ce ревидираат, преформулираат, односно повторно да ce промислат оние аспекти на традиционалната западна етика кои го потценуваат моралното искуство на жените. Исходувајќи од широкиот спектар на различните етички npucтaпu и избори, во него ce прикажани заложбите на феминистите за излегување од границите на моралот создаден исклучиво на машките морални вредности, и за признавање подеднакое статус на жените како морален субјект. Бидејќи
заедничката цел на сите феминистички npucтaпu кон етиката, е да создадат родово еднаква етика, една морална теорија заснована на не-сексистичи морални принципи, политики и практики, овој труд го потенцира значењето на феминистичката етика, заснована врз поинакви онтолошки и епистемолошки претпоставки, кои наместо да ги раздвојуваат луѓето со супериорниот, елитистички однос кон „другите“ (ги поврзуваат во нивните меѓусебни релации и односи.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2010 Сузана Симоновска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.