ПСИХОСОЦИЈАЛНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА - КОМПОНЕНТА НА ЗАШТИТА НА ЛИЦАТА СО МЕНТАЛНИ РАСТРОЈСТВА ВО ЗАЕДНИЦАТА
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ, ЛИЦА СО МЕНТАЛНИ РАСТРОЈСТВА, ЗАШТИТА ВО ЗАЕДНИЦА, ПСИХОСОЦИЈАЛНА РЕХАБИЛИТАЦИЈААпстракт
Грижата за менталното здравје во заедницата за лицата со ментално растројство значи организација на психијатриската служба на адекватен начин да ги задоволи потребите на овие лица за различен вид психијатриски и психосоцијални услуги, да ги рехабилитира и дa uм ja олесни социјалната интеграција.
Значајна компонента на заштитата на лицата со ментални расројства во заедницата е психосоцијалната рехабилитација. За разлика од општите дефиници на поимот рехабилитација, стратегијата за психосоцијалната рехабилитација треба да биде ориентирана кон социјалните вештини на пациентот и кон активирање на ресурсите на заедницата, што секако отвора нови теми за размислување, како на пример, човекови и граѓански права, иновативна легислатива, затворање на психијатриските болници, флексибилна организација на сервисите за ментално здравје, социјално вклучување на луѓето со ментална болест, активни политики за живеење и вработување.
Според тоа, психосоцијалната рехабилитација не е само сет на специфични техники, туку е иновативен пристап кон луѓето со пречки, сеопфатна стратегија за промена на односот на целото општество кон лицата со ментална болест, чија цел е да обезбеди оптимално ниво на функционирање на поединците и на
општествата, да ги минимизира попреченостите и хендикепите, и да создаде услови за поуспешен живот во заедницата.
Во трудот ce разработени прашањата во врска со компонентите на заштитата во заедницата; димензиите на психосоцијалната рехабилитација и специфичните мерки во релизацијата на истата.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2010 Иван Трајков

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.