ТВОРЕЧКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО МАКЕДОНСКАТА РАНОХРИСТИЈАНСКА УМЕТНОСТ РОТАЦИЈА НА ДЕКОРАТИВНИ МОТИВИ И КОМПОЗИЦИИ

Автори

  • Снежана Филипова Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

РАНОХРИСТИЈАНСТВО, РОТАЦИЈА / РАЗМЕНА НА ДЕКОРАТИВНИ МОТИВИ, БАПТИЗМАЛНО И ЕВХАРИСТИЧНО ЗНАЧЕЊЕ, УМЕТНИЧКИ ВЛИЈАНИЈА

Апстракт

Процесот на ротацаја на декоративните мотиви и теми во ранохристијанската уметност, меѓу производите на
различните ликовни техники и во рамките на иста техника, е особено забележлив во скулптурата, во која ce слеваат мотиви од мозаиците, текстилот, ракописите, na и предметите од метал (пред cè, крстови), додека во фреско сликарството ce имитира цоклето од камени облоги, но и мозаичните подни и сводни декорации. Преминувањето на орнаментиката од еден тип пластика во друг (од еден тип капител на друг, од парапетни плочи и транзени на капители или од капители на столбови) е дел од усогласувањето на декорацијата на црквите. Ha тој начин mue стануваат единствена-синхронизирана декоративна целина во која и каменот ce обојува, па така полихромијата ги обединува универзалните и акцентирани мотиви и симболи. Класичниот акантус ce видоизменува и претвора во тролист или цвет на лилјан. Класичниот киматион со ехинусот, некогаш резервиран за корнизите и јонските капители, преминува во просторот меѓу волутите на композитниот капител, во долниот раб на четворолисниот капител, но и на вратот на импостите. Крстот доаѓа на потесните страни на абакусот, a од косиот челен дел на импостот преминува на горниот импост, кој е всушност само висок абакус (кај двоспратните дуплирани импости), или пак од импостите ce спушта во делот на ехинусот (кај јонските импост капители). Мотивот на преклопени лаци преминува на абакусот. Декорацијата на ехинусот и перниците, типична за јонските и јонски импост капители (издолжени водени листови комбинирани со копјести), преминува на фасадите на импост капителот, a кај јонските импост капители декорацијата на балтеусот ce преселува на подолгите страни од импостот. Крлушките и преклопените остри лаци од мозаиците преминуваат на парапетните плочи и на импост капителите, на тој начин одѕвонувајќи со идејата за рибата како симбол на Исус. Столбовите добиваат декорација на крст со проширени краци - типична за предната страна на импостите. Набргу, и горниот дел на столбовите ja прима комплетната
декорација од капителот и така сосема го заменува.

Преземања

Објавено

2010-12-16

Како да се цитира

ТВОРЕЧКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО МАКЕДОНСКАТА РАНОХРИСТИЈАНСКА УМЕТНОСТ РОТАЦИЈА НА ДЕКОРАТИВНИ МОТИВИ И КОМПОЗИЦИИ. (2010). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 63(1), 391-408. https://doi.org/10.37510/