ОСАМЕНОСТ, ЗАДОВОЛСТВО ОД УЧИЛИШТЕТО И ДРУГАРСТВОТО

Автори

  • Орхидеја Шурбановска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

ОСАМЕНОСТ, ЗАДОВОЛСТВО ОД УЧИЛИШТЕ, ДРУГАРСТВО, СЕМЕЈНИ ОДНОСИ, ВРСНИЧКИ ОДНОСИ

Апстракт

Врсничките односи нe ce секогаш пратени со чувство на задоволство. Детето кое не успеало задоволително да ги реализира односите со врсниците во училиштето и пошироката средина, a со тоа и да ги задоволи своите потреби за припаѓање, љубов и интимност, покажува осамено однесување во училиштето. Осаменоста е резултат на неуспешна социјална интеракција. Од друга страна, детето што е задоволно од училиштето,
ce чувствува пријатно, прифатено и прилагодено во училишната средина. За појава на овие чувства значајни ce многу фактори.
Каков е придонесот на родителите и врсниците (другарите) 60 чувството на осаменост на детето, но и во чувството на задоволство од училиштето, во период од средното детство и почетокот на адолесценцијата, може да ce согледа од резултатите на нашето истражување. Обработени ce податоците
на вкупно 194 ученици (od III u VII одделение). Резултатите добиени со линеарна мултипла регресија, покажуваат дека осаменоста кај учениците oд III одделение ce објаснува само со семејните варијабли. Tue придонесуваат во објаснување и предвидување на осаменоста 36%. Осаменоста на учениците od VII
одделение може да ce предвиди преку емоционалноста на мајката (негативна корелација), контрола од мајката и неприфаќање од таткото, како димензии на семејните варијабли, додека од врсничките варијабли ce издвои задоволството од најдобриот другар. Tue ja објаснуваат и предвидуваат варијаблата осаменост 42%). Значи на оваа возраст за осаменоста, покрај семејните односи, значаен е и односот со најдобриот другар. Според резултатите на регресивната анализа (за учениците од III одделение) како предвидувачки фактори на задоволството на детето од училиштето ce истакнуваат: квалитетот на семејната интеракција, одбивање од таткото (негативна корелација), контрола од мајката (негативна корелација) и квалитетот
на односите со најдобриот другар, кои го објаснуваат задоволството од училиштето 29%. Кај седмооделенците ce издвоија: квалитетот на семејната интеракција, одбивањето од мајката и квалитетот на другарството, кои го објаснуваат задоволстеото на детето од училшитето 29%.

Преземања

Објавено

2010-12-16

Како да се цитира

ОСАМЕНОСТ, ЗАДОВОЛСТВО ОД УЧИЛИШТЕТО И ДРУГАРСТВОТО. (2010). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 63(1), 253-270. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)