ЕТИКА НА ОБЈАВУВАЊЕ НА СТРУЧНО-НАУЧНИ ТРУДОВИ

Автори

  • Владимир Трајковски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

ЕТИКА, СТРУЧНИ, НАУЧНИ, ПУБЛИКАЦИИ, УРЕДНИЦИ

Апстракт

Во cвemom на научни публикации, моралните принципи не ce   од mue вο секојдневниот живот. Постојат случаи на јасна злоупотреба вο истражувањата. Ако ce случи злоупотреба, тоа создава немир, не само за научната заедница и нејзините институции, туку и за сите поединци вклучени вο тој процес. Списанијата ce стремат да ги изберат трудовите преку рецензија, оние со највисок квалитет вο науката и нивната репутација зависи од довербата на читателите, авторите, истражувачите и рецензентите. Овој труд ги анализира главните категории на етички прекршувања кои ce среќаваат вο текот на поднесување, рецензија и објавување на научни трудови.
Процесот на рецензирање на списанијата ce потпира на експертско и објективно рецензирање од страна на искусни истражувачи со цел за да ce обезбеди квалитет на списанијата што објавуваат такви трудови. Рецензијата на ракописи вο рецензирани списанија отвора многу етички прашања и проблеми. Препораките на рецензентите што ce даваат вο врска со објавувањето и советите што тue ги даваат на авторите ги поставуваат научните стандарди вο дисциплината. Разбирањето дека некои очигледни етички cnpoтuвnocтu ce резултат на збунетост или на недостаток на знаење, и затоа некои списанија преземаат одговорност за едукација на нивната заедница за етички прашања вο издаваштвото. Целта на оваа статија е да ce направи водич за етички принципи достапен на сите наши читатели и соработници.
Со зголемување на едукацијата и свеста за етичките прашања релевантни за научните истражувања и објавувањето, одредени отстапувања ќе бидат намалени. Во иднина, авторите можат да очекуваат дека нивните поднесоци ќе треба  а исполнат низа етички стандарди.

Преземања

Објавено

2011-12-16

Како да се цитира

ЕТИКА НА ОБЈАВУВАЊЕ НА СТРУЧНО-НАУЧНИ ТРУДОВИ. (2011). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 64(1), 453-468. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)