ABTОМАТСКИТЕ МИСЈШ И ЛОКУСОТ НА КОНТРОЛА KAKO ФАКТОРИ ЗА УСПЕШНО СТУДИРАЊЕ

Автори

  • Елена Ачковска-Лешковска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

ПОЗИТИВНИ АВТОМАТСКИ МИСЛИ, НЕГАТИВНИ АВТОМАТСКИ МИСЛИ, ВНАТРЕШЕН ЛОКУС НА КОНТРОЛА, НАДВОРЕШЕН ЛОКУС НА КОНТРОЛА, АКАДЕМСКО ПОСТИГНУВАЊЕ

Апстракт

Многу студии покажале дека студентите со високи интелектуолни способности, со добри работни навики и со вештини за
учење можат да постигнат низок успех поради влијанието на внатрешните медијаторни когниттни процеси, како што ce негативните самопроценки, ставови, верувања и очекуеања. Целта на ова истражување е да ce испита дали на успехот во студирањето на студептите им влијаат автоматските мисли (позитивни и негативни) и локусот на контрола (внатрешен и надворешен).
Во зависност од постигнатите просечни оцени во дотогашното сшудирање, испитаниците ce поделени на две групи: со понизок и со повисок академски успех. Во истражувањето е појдено од претпоставката дека студентите со понизок успех; наспроти оние со повисок успех, имаат поизразени негативни автоматски мисли, поретко им ce jaeyeaam позитивни автоматски мисли и имаат претежно надворешен локус на контрола.
Како инструменти во истражувањето ce користени Студентскиот прашалник за автоматски мисли од Живчиќ-Бечиревиќ
и Аниќ и Скалата за мерење на локусот на контрола од Ротер, a испитаници беа 61 студент од Филозофскиот факултет во Скопje. Статистичката обработка на податоците покажа дека меѓу двете групи студенти постои статистички значајна разлика како во однос на присуството на негатиени автоматски мисли ео испитни ситуации (t- -2.702; р<0,01), така и во однос на локусот на контрола (t= -2.60; р<0,05). Позитивните автоматски мисли не ce покажаа како фактор за диференцијација ниту меѓу групите студенти со низок и со висок академски ycnex (t= -0.338; р>0,05), ниту меѓу оние со внатрешен и со надворешен локус на контрола (t=0.537; р>0,05).
Може да ce заклучи дека понизок академски успех постигнуваат студентите со негативни автоматски мисли, односно со
изразен страв од неуспех и со претежно надворешен локус на контрола. Наодите не го потврдија придонесот на позитивните автоматски мисли во постигнувањето академски успех.

Преземања

Објавено

2011-12-16

Како да се цитира

ABTОМАТСКИТЕ МИСЈШ И ЛОКУСОТ НА КОНТРОЛА KAKO ФАКТОРИ ЗА УСПЕШНО СТУДИРАЊЕ. (2011). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 64(1), 79-91. https://doi.org/10.37510/