За списанието

Спектар е меѓународно списание на Институтот за македонска литература посветено на науката за книжевноста, со посебен акцент на македонската. Формирано е вo 1983 година како афирматор на научната работа на Институтот. Од 2010 списанието година има меѓународна редакција. Глобалната ориентација на Спектар е проучување и афирмација на македонската литература, нејзиното позиционирање во балканските и светските литератури, како и компаратистичките проучувања на македонската и другите книжевности. Во своите рамки ги содржи рубриките: Литературна историја, Современа македонска книжевност, Литературни врски-репринт од светот, Теорија – поетика, Мит – фолклор преку кои се формулирани основните препознатливи белези на списанието. Посебно место им се дава на рецензиите, приказите, освртите за најновата научна и стручна литература, а во некои броеви одделен е и простор за научни дискусии и библиографии. Преку нив е изразена разновидностa на списанието и се презентира континуитетот и идентитетот на македонската литература. Профилот на Спектар е познат во сите славистички центри и во научните и универзитетските установи и библиотеки ширум светот. Списанието излегува два пати годишно, а трудовите се рецензираат.