Наративните постапки на Алена Морнштајнова како предизвик за преведувачот

Автори

  • Игор Станојоски Универзитет Гоце Делчев Штип image/svg+xml

ДОИ:

https://doi.org/10.37834/SS23232089s

Клучни зборови:

превод, роман, проза, наратор, Морнштајнова

Апстракт

Во овој труд ги анализираме тешкотиите и дилемите при преводот на два романи од познатата чешка писателка Алена Морнштајнова: Хана и Празна мапа. Познато е дека преведувачот што врши превод на прозни дела на македонски јазик од јазик што не поседува граматички маркери на евиденцијалноста мора да биде претпазлив со изборот на конкретното минато време во преводот. Но, во преводот на наведените два романи се соочивме со сложен спектар од влијанија врз изборот на минатото време: изборот на времето не зависеше само од познавањето на контекстот и хронологијата на настаните во дејството на романот, туку и од наративните постапки на Алена Морнштајнова, пред сè поради умешниот премин од јас-наратор во сезнаен наратор, и обратно.

Преземања

Објавено

2024-07-16

Издание

Секција

Литература, култура, превод

Како да се цитира

“Наративните постапки на Алена Морнштајнова како предизвик за преведувачот”. 2024. Славистички студии 23 (2): 89-99. https://doi.org/10.37834/SS23232089s.