Митолошко-поетски проникнувања: ликот на Прометеј во македонската и во германската поезија
ДОИ:
https://doi.org/10.37834/SS23232043gjКлучни зборови:
Прометеј, митологија, компаративно проучување на поезијата, Ацо Шопов, Ј. В. фон Гете, симболика на огнот, фрејминг-теорија (Frames and Framing)Апстракт
Трудот претставува компаративно проучување на песните на македонскиот поет Ацо Шопов и на германскиот поет Јохан Волфганг фон Гете, при што предмет на анализа воедно се и интертекстуалните врски помеѓу македонската и германската поезија втемелени врз тематизација на митолошкиот образец за јунакот Прометеј. Во ова истражувањево фокусот на споредбената анализа се песната „Прометеј“ од поетот Јохан Волфганг фон Гете и песната „Љубовта на огнот“ од Ацо Шопов. Јукстапозицијата на споменатите песни низ призмата на интертекстуалната митолошка рамка отвора можност за ново видување во расветлувањето на поетската обработка на ликот Прометеј. Митот за Прометеј во поетските дела расветлен низ призмата на поновата фрејминг-теорија претставува „рамковна одредница“ за различните дискурси со дистинктивна функцијаç
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Copyright © 2025 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Slavistički studii
Славистички студии