Кон деклинацијата на именките во текстовите со правна содржина
ДОИ:
https://doi.org/10.37834/SS23231113pКлучни зборови:
деклинација, особености, македонски црковнословенски ракописи, крмчијаАпстракт
Предмет на интерес во овој прилог е деклинацијата на именките во текстовите со правна содржина, односно акцентот е ставен на особеностите на деклинацијата во Мазуринската крмчија (1999 г.). Крмчијата како текст со религиозно-правна содржина, претставува одлична основа за расветлување на некои прашања врзани со деклинациските особености на именките и движењето од синтетизам кон аналитизам, преку споредба со состојбата засведочена во текстовите со библиска и со химнографска содржина (од XII до почетокот на XV век) од македонска јазична редакција
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Copyright © 2025 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Slavistički studii
Славистички студии