ПОКАНА ЗА СОРАБОТКА ЗА сп. СЛАВИСТИЧКИ СТУДИИ бр. 26

2026-06-17

Ве покануваме да доставите научни трудови за двата броја на Списанието што ќе бидат објавени во 2026 година. Трудовите може да се однесуваат на истражувања од областа на славистиката или на компаративни студии кои ги истражуваат релациите помеѓу словенските и другите јазици, литератури и култури, во согласност со вашите научни интереси и специјализации. Се прифаќаат трудови на сите словенски јазици.

Вашиот труд може да го испратите на електронската адреса на Редакцијата (slavistika@flf.ukim.edu.mk) со назнака ‘Славистички студии 26' или преку платформата на списанието https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/submission/wizard, најдоцна до 1 септември 2026 година.

Ве молиме да се придржувате до упатствата за техничко уредување на текстовите кои се достапни на веб-страницата на списанието (https://journals.ukim.mk/index.php/slavs/about/submissions)

Ги очекуваме на вашите прилози.

Уреднички тим: Милица Анчевски, Јасминка Делова-Силјанова, Биљана Мирчевска-Бошева, Лидија Танушевска

Редакцискиот одбор
Ивана Видовиќ-Болт (Хрватска)
Мирослав Коуба (Чешка)
Биљана Мариќ (Србија)
Биљана Мирчевска-Бошева (Македонија)
Ѓоко Николовски (Словенија)
Јан Соколовски (Полска)
Лидија Танушевска (Македонија)
Бранко Тошовиќ (Австрија)
Алла Шешкен (Руска Федерација)
Јасминка Делова-Силјанова (Македонија)
Милица Анчевски (Македонија)

 

Упатство за техничко уредување на текст за сп. Славистички студии

Обем на трудот

Трудовите се ограничени на 10 страници, напишани со фонт Times New Roman со соодветна поддршка, големина на знаците 12проред 1 (single).

Почетна страница

            Во горниот лев агол треба да стои име и презиме (презимето со големи букви), назив на институција, град, земја, пример:

Никола НИКОЛОВСКИ

Филолошки факултет „Блаже Конески“

Скопје, Македонија

 

Насловот треба да биде во централна позиција со големи букви, а под насловот треба да стои Апстракт и Клучни зборови (до 5 зборови) со големина на знаците 10 и болдирано.

НАСЛОВ

            Апстракт: Рефератот ќе опфати анализа на преводни текстови од полски на македонски јазик, со посебен осврт на модулантите, односно партикулите, сврзниците, модалните зборови, проблемите кои настануваат при нивниот превод, нивните еквиваленти во другиот јазик и „непреводливоста“ на некои од нив, а особено промената на значењето што тие го внесуваат во текстот.

Клучни зборови: превод, партикули, полски, еквиваленти, анализа.

 

Парафразирање и цитирање

Кога се цитира, се парафразира или се упатува на некој автор/текст, изворот треба да се наведе во текстот, а не во белешките под него.  Пожелно е да не се користат белешки, воопшто. Ако се користи трудот како целост, во текстот се наведуваат презимето на авторот и годината на издавањето; на пример, (Конески 1999). Ако се цитира, треба да се наведе и страницата; на пример, (Минова-Ѓуркова 2003: 49).

Список на користена литература и список на извори

На крајот од трудот, треба да се наведе список на користената литература (под наслов Користена литература), а и список на изворите (ако трудот содржи ексцерпирани примери). Списокот на користената литература мора да има целосни податоци за сите трудови (на кои се упатува, кои се парафразирани, цитирани итн.). Трудовите на кирилица и латиница се даваат издвоено, и тоа најпрво тие на кирилица, па оние на латиница.

Трудовите се наведуваат по азбучен/абецеден ред (презимето на авторот) и по хронолошки ред (ако има повеќе трудови од еден автор)и не се нумерираат. Кога еден автор има и самостојни и коавторски трудови, прво се наведуваат самостојните, а потоа коавторските. Насловите на книгите и списанијата треба да бидат напишани во курзив, насловите на трудовите објавени во списанија или зборници треба да бидат ставени во наводници. Речници или друг вид книги кои се дело на повеќе автори се даваат само со насловот и со бројот на томовите што се користени.

Користените извори треба да се наведат во посебен наслов Извори по делот Користена литература на ист начин како во делот Користена литература.

Пример за наведување книги, статии и зборници

Книга

на кирилица:

Конески, Б. 1981.  Граматика на македонскиот литературен јазик. Скопје: Култура

Угринова-Скаловска Р. 1969. Значењата на глаголските префикси во македонскиот јазик, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 127 стр.

на латиница:

Langacker, R. 1987. Foundations of cognitive grammar. Vol.1: Theoretical Prerequisites. Stanford.

Статија во списание или во зборник

Цветковски, Ж. 1982. „За двојниот сврзник не само - туку и, Литературен збор XXIX/4, 104-107.

Friedman, V. 1980. “The Study of Balkan Admirativity: Its History and Development”, Balkanistica 6. 7–30.

 Речници

Толковен речник на македонскиот јазик. Ред. Кирил Конески, I–VI. Скопје:  Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2003–2014.

 Мургоски, Зозе. 2011. Толковен речник на современиот македонски јазик. Второ проширено и преработено издание. Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“.

Резиме

            На крајот од статијата или под Користена литература треба да стои кусо резиме на англиски јазик со име и презиме на авторот и наслов на трудот.