ОСВРТ НА ТРЕТМАНОТ НА РОДОТ ВО ПСИХОЛОГИЈАТА КАКО НАУКА

  • Анамарија Радуловска
  • Ана Маркоска
  • Јетмир Муса

Апстракт

Во фокусот на овој труд е приказот на клучните промени во сфаќањата на родот и
процесите на родова идентификација од перспектива на неколку водечки психолошки
теории. На почетокот, родот бил конципиран како генетска предиспозиција, а една
од првите психолошки теории за проучување на истиот била психоаналитичката
теорија на Фројд, кој објаснувал дека децата развиваат различни родови идентитети
низ поистоветување со родителите од сопствениот пол. На тоа се надоврзале други
психоаналитички засновани теории кои ја нагласиле улогата на потребата за
социјална сигурност. Наспроти ова, теориите на социјално учење сугерирале дека
развојот на родовиот идентитет е одреден од социјални фактори, односно дека
девојчињата и момчињата ги учат различните родови улоги преку социјализацијата
низ директно поттикнување или учење по модел. Феминистички ориентираните
психолози, пак, тврделе дека традиционалните психолошки теории и методи на
истражување биле пристрасни и насочени против жените, како и дека родовите
разлики или се преувеличувале, или, целосно се игнорирале. Во понатамошниот тек
на конципирањето на развојот на родовиот идентитет, когнитивните теории дале
значаен придонес, предложувајќи дека на родовиот идентитет претходи когнитивен
процес, кој вклучува активно барање и организирање на информации од околината
во која функционира индивидуата. Прегледот завршува со дискусија во која авторите
прават кус осврт кон потребите и можностите за стимулирање на родова сензитивност
и негување на благородните идеали за еднаквост врз основа на родот.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2023-12-25