ПРОВЕРКА НА ПСИХОМЕТРИСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА СКАЛА ПРИФАЌАЊЕ МОДЕРНИ МИТОВИ ЗА СЕКСУАЛНА АГРЕСИЈА

  • Ана-Марија Спасовска
Keywords: сексуална агресија, митови, факторска структура

Abstract

Истражувањето е фокусирано на проверка на психометриските карактеристики на скалата за мерење на прифаќањето модерни митови за сексуална
агресија во македонски контекст. Пригодниот примерок го сочинуваат 216
учесници од кои 53,2 % беа жени. Нивната возраст е меѓу 18 и 71 години (М
= 35,25; SD = 13,78) и сите се имаат стекнато најмалку со средно образование.
Психометриските карактеристики на скалата на Гергер и соработниците беа
проверени со спроведување анализа на тврдењата односно утврдување на
нивната тежина и дискриминативност. За проверка на факторската валидност на скалата беше применета експлораторна факторска анализа (метод на
главни компоненти – со ротација Варимакс). Резултатите покажаа дека добиената структура не одговара на еднодимензионален модел како што предложиле авторите на скалата. Скалата има задоволителна внатрешна хомогеност
и релијабилност.
Врз основа на анализата, заклучено е дека со оглед на метриските карактеристики скалата може да се користи на наша популација. Се предлага повторување на анализата на поголеми примероци со цел да се обезбедат докази за
бројот на фактори на моделот

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2023-12-25