ОД ПОДАТОЦИ ДО РЕШЕНИЈА: МЕТОДОЛОГИЈА НА МАКЕДОНСКАТА СТУДИЈА ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО ПОВРЗАНО СО ЗДРАВЈЕТО КАЈ ДЕЦАТА НА УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ (HBSC) 2022 И СТРАТЕГИИ ЗА НАРЕДНИОТ ЦИКЛУС

  • Kalina Sotiroska Ivanoska Институт за психологија, Филозофски факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје https://orcid.org/0000-0003-4904-0153
  • Шерузе Османи Балажи https://orcid.org/0009-0005-3280-696X
  • Ибрахим Незири
  • Луљета Беџети Беџети
  • Лина Ќостарова-Унковска
Keywords: адолесценти, благосостојба, здравје, HBSC, методологија

Abstract

Македонската студија за однесувањето поврзано со здравјето кај децата на
училишна возраст собира податоци за здравјето и благосостојбата кај адолесцентите
на 11, 13 и 15-годишна возраст кои одат на училиште. Претставува дел од меѓународната
лонгитудинална студија која се спроведува секоја четврта година почнувајќи од 1982
година, во 51 земја од Европа, Северна Америка, Канада и Русија, во соработка со
Светската здравствена организација (СЗО). Сите земји кои учествуваат во студијата,
неопходно е да се придржуваат до заедничкиот меѓународен стандарден протокол
направен и систематски ажуриран од целата HBSC мрежа. Република Северна
Македонија во меѓународната мрежа е вклучена од 1988 година и до денес спроведени
се 6 циклуси на истражувањето. Со четиридецениско спроведување на студијата на
меѓународно ниво и дводецениско на национално ниво, се покажа дека користената
методологија и резултатите кои се добиваат, се корисни за следење на критичните
прашања во врска со здравјето и благосостојбата на адолесцентите.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2023-12-25