ОБЛИКУВАЊЕ УМОВИ, КРЕИРАЊЕ СВЕТОВИ: КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА КНИЖЕВНО-ОБРАЗОВНИТЕ ТЕОРИИ НА ЏЕРОМЕ БУРНЕР И МАРТА НУСБАУМ

Authors

  • Ведран Диздаревиќ

Abstract

Во овој труд ги анализираме и споредуваме теориите на когнитивниот психолог и
педагог Џером Брунер и на филозофката и теоретичарка на книжевност Марта Нусбаум
во однос на значењето на литературата за современото образование. Главната теза
на овој труд е дека двајцата автори, тргнувајќи од различни премиси втемелени врз
нивните научни дисциплини, стигнуваат до слични и комплементарни заклучоци кои
можат да ни помогнат подобро да го разбереме местото што книжевноста треба да го
има во образованието.
Во првиот главен дел на трудот покажуваме дека Брунер и Нусбаум ги градат
своите теории врз една заедничка претпоставка: дека наративите (приказните) се еден
од најосновните начини преку кои луѓето ја осознаваат стварноста и се ориентираат
во светот и во општеството. Знаењето добиено од приказните („наративниот модус
на размислување“, според Брунер, „наративната имагинација“, според Нусбаум) е
квалитативно различно од знаењето што можеме да го добиеме од другите форми на
спознание, како науката или филозофијата, и не може да се стекне на друг начин.
Во вториот главен дел, пак, потенцираме дека двајцата автори сметаат дека
изучувањето на литературата е неразделно поврзано со демократијата како политички
систем. Способноста за критичко согледување и анализирање на наративи, сметаат
Брунер и Нусбаум, е неопходен предуслов за култувирање на компетентни граѓани
со демократски инклинации кои се способни да ја препознаат и да ја почитуваат
различноста и Другоста.
Според нас, теориите на Џером Брунер и Марта Нусбаум нудат теоретски издржан
и важен придонес кон подоброто разбирање на врската помеѓу книжевноста,
образованието и демократијата и нивното место во современото општество.

References

Published

2024-09-16