ДЕЛУЗИИТЕ И ХАЛУЦИНАЦИИТЕ КАКО АБЕРАНТНИ ЗАКЛУЧОЦИ

Authors

  • Васка Лешоска

Keywords:

предиктивно кодирање, Бејсов мозок, делузии, халуцинации

Abstract

Дел од современите теории во когнитивната и во компутациската невронаука ја
доведуваат во прашање интуицијата дека реалноста се „регистрира“ непосредно врз
основа на сензациите од сензорниот систем. Според овие стојалишта, мозокот е сво-
евидна „статистичка машина“ што првенствено ја предвидува или ја „халуцинира“
реалноста, а потоа ја коригира врз основа на сензорната евиденција. Во оваа рамка,
перцепцијата се разбира како форма на заклучување насочено кон минимизирање
на грешката на предвидување. Без да навлегува во суптилните терминолошки и кон-
цептуални шизми, овој прегледен труд има за цел накратко да ги претстави перспек-
тивите на предиктивното кодирање, Бејсовиот мозок и активната инференција и да
ги разгледа постојните обиди за објаснување на делузиите и на халуцинациите како
аберантни форми на заклучување. Имено, во трудот се заклучува дека делузиите и
халуцинациите може да се разберат како варијации на оптималното заклучување, кои
произлегуваат од несоодветна проценка на прецизноста на сензорната евиденција и
приорите. Ваквиот пристап може да придонесе за подлабоко теориско разбирање на
психозите, како и за дестигматизација и за развој на поинформирани стратегии на
третман.

References

Published

2024-12-16