ПРИФAЌАЊЕ НА ДИЈАГНОЗАТА ОД СТРАНА НА РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦА СО НАРУШУВАЊЕ ОД АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР

Автори

  • Силвана Филипова
  • Василка Галевска Јовчевски Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација - Скопје
  • Билјана Аризанкоска Ефтимова
  • Дита Торте-Чиче Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација - Скопје
  • Билјана Крстевска Кокорманова

Клучни зборови:

прифаќање, дијагноза, нарушување од аутистичен спектар, рана интервенција

Апстракт

Еден од најголемите предизвици на родителите со дете на кое му е дијагности-
цирано нарушување од аутистичeн спектар (НАС) е прифаќањето на дијагнозата.
Прифаќањето на дијагнозата служи за решавање на проблемите и за емоционална
регулација. Предмет на истражувањето е дали и како родителите на децата со НАС ја
прифатиле дијагнозата. Целта е да се согледа односот на родителите кон состојбата
на детето, односно нивното емоционално и когнитивно прифаќање или неприфаќање
на таа состојба. Примерокот е составен од 34 мајки и 13 татковци. Во истражувањето е
користено Интервјуто за реагирање на дијагнозата (Piantа & Marvin, 1992a). Резултати-
те покажаа дека дијагнозата ја имаат прифатено 50 % од испитаните мајки. Најголем
дел од нив се ориентирани кон мислењето, односно користат когнитивни стратегии
што им помагаат да ја прифатат дијагнозата. Кај мајките кои не ја прифатиле дијагно-
зата во најголем број доминира чувството на лутина. Што се однесува до татковците,
дијагнозата ја имаат прифатено 38,5 %. Најголем дел од нив се ориентирани кон чув-
ствата. Татковците кои не ја прифатиле дијагнозата во најголем дел се емоционално
преплавени. Родителите различно реагираат и различно ја прифаќаат дијагнозата на
своето дете, притоа користејќи различни стратегии. Постои разлика во прифаќањето
на дијагнозата и во користењето на стратегиите помеѓу мајките и татковците. Од голе-
ма важност е стручните лица да го препознаат начинот на кој родителите се соочуваат
со предивиците поврзани со дијагнозата на детето и навреме да им пружат соодветна
поддршка. Неприфаќањето на дијагнозата од страна на родителите претставува фак-
тор на ризик за семејната адаптација и за спроведувањето на раната интервенција.

Референци

Објавено

2024-12-16