КУЛТУРНИТЕ ОКОВИ НА НОРМИРАНАТА ЖЕНСТВЕНОСТ НИЗ ОДРЕДЕНИ КНИЖЕВНИ И ФИЛМСКИ НАРАТИВИ

Автори

  • Ана Јовковска Master of Cultural Studies in Literature , , магистер по културолошки студии , , ,

Клучни зборови:

популарна култура, феминизам, род, медиуми, репрезентација, сексизам, кодирање, декодирање

Апстракт

Современите предизвици на културата и родот во потрошувачкото општество се многубројни. Низ критички промислувања на одредени аспекти на репрезентација на жената во популарната култура ќе ја преиспитаме нејзината улога во општеството, барајќи ги експлицитните и сублиминалните сексистички пораки вградени во книжевниот и во филмскиот јазик. Истражувајќи ја хегемонијата на телото, објективизацијата на жената, културните окови на нормираната женственост, сексизмот, ќе се обидеме да ја пронајдеме родовата асиметрија во медиумската репрезентација и да ја нотираме релацијата со идеологијата на консумеризам и со масовната култура.

Декодирајќи ги родовите стереотипи, од една страна, и современите постфеминистички трансформации на женственоста, од друга страна, ќе ги преиспитаме родовите улоги во популарната култура поставувајќи ги прашањата: До кој степен книгите и филмовите за Бриџит Џонс и Жените од Степфорд им се спротивставуваат на мачоистиката, на сексистичка и на патријархална култура? Дали се тие бунт против родовата и структурната дискриминација на жените? Дали критиката во овие дела е јасна и експлицитна или, пак, во обидот да се детектираат родовите стереотипи, всушност, истите тие се легитимираат и се зацврстуваат? Дали се работи за субверзија, отпор или прифаќање, односно помирување со доминантните вредности на популарната култура и на маскулинистичкото општество? Низ полисемичното читање на текстовите ќе ги побараме новите значења, кои се создаваат во спрегата меѓу кодот и декодерот, во самата интеракција меѓу текстот, значењето, контекстот, рецепиентот и дискурсот. Производството на значењата се протега далеку пошироко низ процесите на продукција, размена и репродукција на културата.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Преземања

Објавено

2021-11-30

Издание

Секција

Современото oпштество во културата, јазикот и литературата

Како да се цитира

КУЛТУРНИТЕ ОКОВИ НА НОРМИРАНАТА ЖЕНСТВЕНОСТ НИЗ ОДРЕДЕНИ КНИЖЕВНИ И ФИЛМСКИ НАРАТИВИ. (2021). Филолошки студии, 19(2), 110-130. https://journals.ukim.mk/index.php/philologicalstudies/article/view/1599