РАСТЕЊЕТО И ДУШЕВНИТЕ КРИЗИ КАКО ТЕМА ВО КНИЖЕВНОСТА ЗА ДЕЦА И ЗА МЛАДИ

Автори

  • Јасмина Мојсиева-Гушева Institute of Macedonian Literature, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, North Macedonia , , Институт за македонска литература, Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Северна Македонија , , , https://orcid.org/0000-0002-3513-0708 (неидентификуван)

Клучни зборови:

растење, книжевност за деца и за млади, Џејмс Метју Бари, „Петар Пан“, Јадранка Владова, „Гледалото зад огледалото“, когнитивно и емотивно созревање, делузии, осаменост, идеализирано мајчинство, магично-реалистичка литература

Апстракт

Детството, како исклучителен период од развојот на секоја единка, во кое првично се доживуваат сите животни искуства, остава силен белег врз детската психа и токму затоа се наоѓа во центарот на вниманието на многу писатели за деца. Конкретно, оваа статија е посветена на сложените процеси на растење и на созревање, видена низ перспективата на писателите Џејмс Метју Бари и Јадранка Владова и нивните романи за деца „Петар Пан“ и „Гледалото зад огледалото“. Преку главните ликови Петар Пан и Маја (чиј однос кон растењето е сосема спротивен) е претставено градењето на детската душа, нејзиното карактерно оформување и некои од можните проблеми што се јавуваат во текот на тој процес. Петар Пан е симбол за момче, кое одбива да порасне бидејќи е задоволен од сопствената слобода и независност, но како и секое дете, истовремено копнее и по искрена мајчинска љубов и грижа. Спротивно на него, девојчето Маја, од романот на Владова, сака пребрзо да порасне за да се ослободи од осаменоста, да се стекне со право на избор и со чувство на сигурност што се среќава кај возрасните личности. Заедничко за двата лика е прераното напуштање на родителската закрила и грижа, пред нивното целосно созревање (кај Петар заради желбата за слобода, додека кај Маја поради зафатеноста на родителите). Ваквата околност на настаните доведува до проблеми во развојот на двата лика. Момчето Петар Пан никогаш не достигнува емоционална и когнитивна зрелост, додека девојчето Маја запаѓа во опасни делузии и фантазии од кои се ослободува кога, преку дружењето со своите врсници, сфаќа дека не треба да се брза во животот и да се преокупира со тешките проблеми на возрасните. Преку настаните опишани во овие романи авторите, всушност, ја остваруваат својата цел да предупредат за некои од можните проблеми што се јавуваат во процесот на растењето и суптилно да влијаат врз оформувањето на карактерите на кревките детски личности, нивните навики и начини на однесување и размислување.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Преземања

Објавено

2021-11-26

Издание

Секција

Филозофско-културолошки проблеми

Како да се цитира

РАСТЕЊЕТО И ДУШЕВНИТЕ КРИЗИ КАКО ТЕМА ВО КНИЖЕВНОСТА ЗА ДЕЦА И ЗА МЛАДИ. (2021). Филолошки студии, 19(1), 2-20. https://journals.ukim.mk/index.php/philologicalstudies/article/view/1576