УСВОЈУВАЊЕ НА ГРАМАТИЧКИТЕ КАТЕГОРИИ РОД, БРОЈ И ОПРЕДЕЛЕНОСТ КАЈ ИМЕНКИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ОД СТРАНА НА СТУДЕНТИТЕ – СЛАВИСТИ

Avtorji

  • Marija Grkova University of Stip, Macedonia , , Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Македонија , , ,

Ključne besede:

македонски јазик како странски, граматички категории на именките, учебници, вежби, тестирање

Povzetek

При учењето македонски јазик како странски сметаме дека е од голема важност усвојувањето на граматичките категории кај именките, за што се определивме по овој повод. Во план е да бидат анализирани одговорите од вежбите поврзани со граматичките категории на именките, направени од страна на студентите од странство што го учат македонскиот јазик, а чиј мајчин јазик е еден од словенските јазици. Си поставивме цел да бидат земени предвид вежби за почетно рамниште од учебници по македонски јазик како странски, кои беа искористени за подготвување контролни тестови, како и вежби за средно рамниште подготвени за потребите на ТЕМАК-тестовите. Во нашата анализа ги имавме предвид следните критериуми: 1. Контролните тестови да бидат спроведени меѓу студенти што го учат македонскиот јазик како странски надвор од Република Македонија (во некои од лекторатите по македонски јазик); 2. Со контролните тестови да бидат опфатени студенти чиј мајчин јазик е еден од словенските јазици; 3. Во анализата да се вклучат и тестови сработени според европските стандарди, како што се ТЕМАКтестовите. По анализата на одговорите, каде што ќе биде застапена и статистичка анализа, очекуваме да дојдеме до заклучоци - каков вид вежби се потребни за усвојување на граматичките категории кај именките. 

Prenosi

Podatki o prenosih še niso na voljo.

Objavljeno

2019-10-25

Številka

Rubrika

Književnost v medkulturnem kontekstu

Kako citirati

УСВОЈУВАЊЕ НА ГРАМАТИЧКИТЕ КАТЕГОРИИ РОД, БРОЈ И ОПРЕДЕЛЕНОСТ КАЈ ИМЕНКИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ОД СТРАНА НА СТУДЕНТИТЕ – СЛАВИСТИ. (2019). Filološke Pripombe, 12(2), 643-668. https://journals.ukim.mk/index.php/philologicalstudies/article/view/480

Najbolj brani prispevki istega avtorja(jev)