ФИЛАРХ, ПОЛИБИЈ И РАЗВОЈОТ НА ХЕЛЕНИСТИЧКАТА ИСТОРИОГРАФИЈА ВО III ВЕК ПР. Н. Е.

Autor(i)

  • Stefan Panovski Institute of National History University Ss. Cyril and Methodius Skopje, Macedonia , , Институт за национална историја, Скопје, Македонија , , ,

Ključne riječi:

хеленистичка историографија, трагичка историја, Филарх, Полибиј

Sažetak

Темата на трудот е развојот на историографијата во раниот хеленистички период, со кус осврт врз проблемот на таканаречената трагичка историја и влијанието на реториката и философијата врз историографите од III век п.н.е. Првиот проблем што не смее да се потцени е фрагментарната состојба на делата од овој период, што нѐ спречува да оформиме целосна и завршна оценка за значењето на овие дела. Што се однесува до прашањето за трагичката историја како посебен жанр во античката историографија, во овој труд се застапува теоријата дека таа никогаш и не постоела. Од друга страна, иако не се одрекува фактот дека реторските и стилистичките размисли, генерално имале поголемо значење, се предупредува дека тоа не значи дека овие дела треба a priori да се отфрлат како инфериорни; односно дека историографите не биле заинтересирани за вистинитоста на настаните што ги опишувале. Во вториот дел, вниманието е свртено кон критиките на Полибиј на сметка на делото на Филарх; при што се утврдува дека иако нападите на Полибиј повеќе се мотивирни од неговата политичка наклонетост одошто од методолошките критериуми, и не секогаш се сосема точни, неговата оценка, односно осуда на Филарх се чини прифатлива. Тоа што можеби е поважно, е дека оваа полемичка дигресија јасно ги посочува и недостатоците на самиот Полибиј, чие дело и толкувања пречесто се прифаќаат без подетална анализа

Preuzimanja

Podaci o preuzimanjima još nisu dostupni.

Preuzimanja

Objavljeno

2019-10-25

Broj časopisa

Rubrika

Povijest i filologija