Прв слеп студент од Македонија во Соединетите Американски Држави

Автори

  • Даниела ДИМИТРОВА Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Skopje, Macedonia

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Андријана Прокопенко е млада мошне трудољубива и одговорна девојка со нагласен истражувачки дух. Оштетување на нејзиниот вид од неа не направил искомплексирана и интровертна личност. Напротив таа е постојано ведра и насмеана, иницијативна и комуникативна. Неа скоро да не ја оддалечуваат од животот на  врсниците.
Во кругот на семејството без предрасуди, со помош на стручни лица и литература во Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов” во Скопје се рехабилитира, односно се оспособува за користење на Браево писмо во своето образование. На нејзина желба, во нижите одделенија го учи и англискиот јазик. Средното образование го завршува во редовно училиште, во Гимназијата “Јосип Броз Тито” во Скопје. И покрај немање на учебници на Браево писмо и современи технички помагала за визуелно хендикепирани, резултатите од нејзиниот труд и упорност не изостануваат. Во третиот клас, заедно со својот другар, изготвува проект за систем на оценување на учениците, кои јавно го образложува и е објавен во весник.
Бидејќи животната љубов и определба на Андријана и е англискиот јазик, по матурирањето конкурира на најеминентниот центар во светот за образование и оспособување на визуелно хендикепирани Овербрук училиштето за слепи-интернационална програма во Филаделфија, Соединетите Американски Држави. Од финансиски причини не се запишува.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

1998-11-29

Како да се цитира

Прв слеп студент од Македонија во Соединетите Американски Држави. (1998). Дефектолошка теорија и практика, 2(4), 137-138. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)