ХИПЕРТРОФИЈА НА АДЕНОИДНАТА ВЕГЕТАЦИЈА ВО КОРЕЛАЦИЈА СО СЕКРЕТОРЕН ОТИТИС МЕДИЈА.
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Во оваа студија го прикажуваме третманот на 20 деца со секреторен отитис медиа (СОМ). Третманот беше хируршки и опфаќаше вградување на вентилациони цевчиња, како и аденоидектомија во случаите со зголемени аденоидни вегетации. Во ова клиничко истражување беа вклучени 15 момчиња и 5 девојчиња, на возраст од 5 до 10 години, поделени во две главни групи:
1. 9 деца без зголемени аденоидни вегетации
2. 11 деца со потврдени зголемени аденоидни вегетации
Клиничкиот материјал беше анализиран врз основа на нивото на слухот и состојбата на средното уво, проценети преку тонска аудиометрија и тимпанометрија, пред и по третманот. Резултатите покажаа дека аденоидектомијата, во комбинација со вградување на вентилациони цевчиња, придонесува за решавање на секреторниот отитис медиа. Ова овозможува навремено подобрување на слушната функција, што е од големо значење за развојот на говорот, како и за социјалниот, емоционалниот и образовниот развој во раното детство.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 1999 Лидија Дубровска Милетиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
