ПСИХОТЕРАПЕВТСКИ МЕТОДИ ЗА РАБОТA СО ДЕЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Во соматопедијата, терапијата секогаш се разгледува низ призмата на „почетната теоретска концепција“ за единството на психичкото и соматското (неурофизиолошкото) – како во однос на настанувањето на физичките и психичките нарушувања, така и во рамките на системот на тераписки третмани. Телото и душата, односно физичкото и психичкото, претставуваат нераскинлива целина.
Психотерапијата е особено соодветен метод за работа со деца кои имаат церебрална парализа.
Врз основа на нашите истражувања поврзани со примената на различни форми на психотерапија во училиштата за рехабилитација на деца со церебрална парализа (во одредени места во Бугарија), како и врз основа на нашите долгорочни експерименти, можеме со сигурност да тврдиме дека следниве методи даваат многу добри резултати:
1. Музикотерапија
2. Арт-терапија
3. Терапија со кукли
4. Културотерапија
5. Библиотерапија
6. Рационална психотерапија на П. Дибоа
7. Семејна терапија
8. Когнитивно-бихејвиорална терапија
9. Сугестија во будна состојба
10. Автоген тренинг на Ј. Шулц
Превземања
Референци
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2000 Ивајло Петров

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
