СИНДРОМ НА КРШЛИВА Х-ХРОМОЗОМА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Автори

  • Ана МОМИРОВСКА

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Фрагилниот X-синдром е најчестата наследна форма на ментална ретардација. Болеста е предизвикана од дефект на генот за фрагилна X ментална ретардација (FMR 1), кој се наоѓа на X хромозомот, поради експанзија на повторувачката CGG секвенца во промоторскиот регион. Современиот пристап за дијагностицирање на болеста се базира на употреба на директна ДНК анализа на генот FMR 1. Техниките на рекомбинантна ДНК технологија ги надминуваат недостатоците на цитогенетскиот тест, како што е големиот број лажно позитивни резултати.

Во молекуларната дијагностика на Фрагилниот X-синдром, се користат два основни ДНК методи: а) Southern blot анализа на примероци од ДНК дигестирани со Eco RI или Eco R I/Eag I и б) PCR за амплификација на региони богати со CG. Southern blot се користи за откривање на целосни мутации и премутации, а PCR за одредување на нормалната и премутациската големина на алели.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2000-11-21

Како да се цитира

СИНДРОМ НА КРШЛИВА Х-ХРОМОЗОМА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ. (2000). Дефектолошка теорија и практика, 4(1-2), 9-16. https://doi.org/10.2478/