ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 3-ТИ ДЕКЕМВРИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА МЕНТАЛНО РЕТАРДИРАНИТЕ ЛИЦА-ОРГАНИЗИРАНА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ВО ЗАВОДОТ ДЕМИР КАПИЈА “НИЕ СМЕ ЕДЕН СВЕТ”
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
По повод Трети декември Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби (лицата со пречки во развојот), беше оранизирана изложба на фотографии на лицата сместени во Специјалниот завод во Демир Капија.
Во изложбата беа презентирани и ликотворби изработени од лицата со посебни потреби, опфатени со третман од други институции, како ПОУ “Иднина#-Скопје, Дневен центар “Илинден" од Крива Паланка, “Алгоритам центар"-компјутерски едукативен центар од Скопје, Завод за заштита и рехабилитација-”Бања Банско" од Струмица.
Фотографиите од животот на лицата со посебни потреби од Специјалниот завод во Демир Капија беа изработени од професионалниот фотограф Влахо Бранѓолица, а со свои дела се претставија и Тома Димовски, Драгољуб Николовски, Катерина Николовска.
Изложбата беше поставена во Музеј на град Скопје од 3 до 17 декември 2000 година, а понатаму се предвидува поставката да продолжи и во шеснаесет други градови во Македонија .
Во текот на двонеделната поставеност на изложбата се реализираа организирани посети на ученици од основните и средни училишта од Скопје.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2000 Тања Мишовска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
