НЕКОИ АСПЕКТИ НА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА НА МЕНТАЛНО РЕТАРДИРАНИТЕ ЛИЦА

Автори

  • Борче АНДРЕЕВСКИ
  • Веле БЛАГИН

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Социјализацијата на ментално ретардираните лица на сите возрасти во процесот на нивната заштита и рехабилитација, претставува мошне значајно и постојано актуелно прашање или поточно речено “енигма" што отсекогаш ги окупираше и ги окупира не само дефектолозите туку и психолозите, медицинарите, социјалните работници, родителите, разни стручни здруженија, социјално-хуманитарните организации, како и стручните и научните институции.
Нема сомнение дека социјализацијата на ментално ретардираните индивидуи е сложен процес што бара сестран пристап за да се дојде до појасна детерминација на изобилство нејзини компоненти, специфично условени од извонредно комплициран јазол на фактори. Притоа треба да се има во предвид дека процесот на социјализацијата, ќе биде зависен од квалитетот на психосоматската структура на ментално-ретардираната индивидуа и од успешната организираност и функција на екстерните фактори во широкото милје на нивното дејствување.
Најчесто во екстерни фактори на социјализацијата се вбројуваат: семејството, специјалните установи со својата комплетно програмирана дејност и функција, работната оганизација, односно заштитната работилница или “фирма# каде што ваквите лица работно се оспособуваат и вработуваат, улогата на службите за социјална заштита, организациите за помош на ментално ретардирани лица и ставовите на непосредната околина во која лицето живее, работи и го минува своето слободно време.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2000-11-21

Како да се цитира

НЕКОИ АСПЕКТИ НА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА НА МЕНТАЛНО РЕТАРДИРАНИТЕ ЛИЦА. (2000). Дефектолошка теорија и практика, 4(3-4), 132-139. https://doi.org/10.2478/