ТЕРМИНОЛОГИЈА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА ЗА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП

Автори

  • Горан АЈДИНСКИ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
  • Љупчо АЈДИНСКИ Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

За полесно и поедноставно усогласување на терминолошките ставови, сакаме најнапред да појасниме кои се лицата со хендикеп, односно лицата со попреченост, за кои ќе се обидеме да пронајдеме автентични и соодветни термини.

Во многу земји постојат различни дефиниции за терминот попреченост. Терминот „лица со хендикеп“ го употребуваме многу често, но дали тој претставува вистинско решение? Бидејќи ова прашање сè уште не е разрешено на светско ниво, во ова излагање се обидуваме да понудиме автентична и објективна употреба на овие термини во практиката, комуникацијата и законодавството, како кај нас, така и во светот.

Во ова излагање даваме објаснување само на некои од наведените термини, кои се од особено значење и заслужуваат посебен терминолошки третман (на пример: дефект, хендикеп, абнормалност, развојни тешкотии, тешкотии во социјалната интеграција, лица со посебни потреби и сл.).

Со ова излагање сакаме да ја нагласиме исклучиво терминологијата поврзана со лицата со хендикеп, односно лицата со инвалидитет, согласно постојните класификации.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2000-11-20

Како да се цитира

ТЕРМИНОЛОГИЈА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА ЗА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП. (2000). Дефектолошка теорија и практика, 4(3-4), 33-46. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)

<< < 1 2 3 > >>