АКТИВНОСТИ НА ЗАЕДНИЦАТА НА ИНВАЛИДСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА ВО ИЗМИНАТИТЕ 6 МЕСЕЦИ

Автори

  • Георги ГРУЈЕВСКИ Association of Organizations for Disabled People of Macedonia, Skopje, Macedonia

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Во првите 6 месеци Заедницата на инвалидските организации на Македонија покрај секојдневните активности, беше вклучена и во работата на Националното координативно тело за еднакви права, кое во меѓувреме одржа 3 тркалезни маси на следниве теми:

1. Здравствено осигурување и здравствена заштита на лицата со инвалидност одржана на 26.1.2005 година, на која се донесоа следниве заклучоци:

  • Да се формираат уште неколку регионални центри за следење на деца со ризик-фактор и да се подобри координацијата меѓу нив и центрите за социјална работа.
  • Да се формираат поголем број регионални комисии за утврдување на специфичните потреби за лицата со инвалидност и услугата за корисниците да биде бесплатна.
  • Укинување секаков вид партиципација во цената на помагалата, а особено ургентно укинување на партиципацијата за ортозите што имаат иста функција, како и протезите, односно замена за изгубената функција на екстремитетот.
  • Обезбедување референтни цени, со кои ќе се обезбеди повисок европски стандард на помагалата.
  • Обезбедување поширок асортиман на помагала, согласно новите технолошки достигнувања во светот.
  • Обезбедување целосна достапност на фирмите што произведуваат и дистрибуираат помагала и нивна контрола за да се обезбеди соодветен стандард и квалитет.
  • Обука на лица што ќе вршат функција на асистент (помошник) во болниците и на местата каде што тоа е потребно на лицата со инвалидност.
  • Државата да обезбеди услови за рекреативно физички активности на лицата со инвалидност во функција на нивното здравје и Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во РМ, посебно да се ангажира за спроведување на овој заклучок.
  • Листата на позитивни лекови да се прошири со специфични лекови за лицата со инвалидност и да се обезбеди нивна постојана достапност.
  • Да се настојува во Фондот за здравствено осигурување на Македонија да се предвидат финансиски средства за вградување кохлеарен имлантант, посебно за малолетни деца. Доколку е потребно да се измени и дополни законската регулатива, за да се овозможи и во нашата земја да се изведуваат операции за вградување на кохлеарен имплантант кај глуви лица.
  • За здравствената заштита на одредени категории телесни инвалиди од големо значење ќе биде враќањето на правото на бањско климатско лекување на товар на Фондот за здравствено осигурување, за што се неопходни измени во Законот за здравствена заштита. Предлагаме ова право да се користи и за сите други категории на лица со инвалидност, како што тоа беше порано.
  • За сите предложени заклучоци да се достави писмен одговор од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија до Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во РМ, и тоа:
  • Дали предложените заклучоци се прифаќаат или не, и доколку некој заклучок не се прифаќа да се објасни од кои причини;
  • Какви се можностите за реализација на секој заклучок поединечно и план и динамика за реализација.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2005-03-31

Како да се цитира

АКТИВНОСТИ НА ЗАЕДНИЦАТА НА ИНВАЛИДСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА ВО ИЗМИНАТИТЕ 6 МЕСЕЦИ. (2005). Дефектолошка теорија и практика, 6(1-2), 87-90. https://doi.org/10.2478/