ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Life is just a big empty canvas you should throw As much paint on it as you can
-Danny Kaye
Со оваа порака, која во слободен превод значи животот е едно големо, празно платно, на кое треба да нафрлиш колку што можеш повеќе боја, во конгресната сала на прекрасната Барцелона - Шпанија, на 15 јуни 2005 година беше отворена Седмата конференција на Европската унија за поддршка на вработувањето. На оваа конференција што траеше до 17 јуни 2005 година учествуваа повеќе од 700 претставници од 35 земји од целиот свет.
Имавме можност да слушнеме извонредни излагања, идеи, искуства и погледи за тоа како треба да се работи на поддршката на лицата со физичка, сетилна или ментална инвалидност, за да можат целосно да се вклучат во општествениот живот. Научивме дека резултатите ќе дојдат само ако работиме упорно, систематски, постојано и долготрајно ако ги користме меѓусебните искуства и дека ништо не може да се реши еднаш за секогаш и преку ноќ само со некаков пропис.
Беше зачудувачки да ја слушнеме приказната на врвниот експерт од оваа област, д-р
Џон Брајан од САД, за тоа како детето Крис кое боледувало од церебрална парализа и имало комбинирани пречки во развојот, по 14 години поминати во институција, со поддршка на експерти, организации и институции, преминало да живее во семејство, ги учело основните работи од секојдневниот живот, за да достигне да отвори сопствен бизнис за достава.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2005 Миодраг Игњатовиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
