ОТВОРЕНО И ХРАБРО СРЦЕ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Од многуте сили кај човекот, срцето е најголема тајна. Не станува збор само за мускулот кој ја обликува и раздвижува крвта како основна течност во телото, туку и за центарот на чувствата, во кој се насобираат драматичните доживелици и кој ги поттикнува најблагородните цели и намери на личноста. За материјалноста на срцето се важни бројот на неговите удари и протекот на црвената течност, за неговата емоционална форма се суштествени изливите и силината на љубовта, како етички и поетски супстрат на ова јадро на емоциите. Љубовта не е празен, просто толкувачки збор, таа е најважна страна на живеењето, основа на движењето на личноста и на моралот. Тоа најубаво го искажа големата хуманистка на нашето време Мајка Тереза, која искрено и вознесено порача: "Не можеме да правиме големи дела, но малечките можеме да ги правиме со голема љубов"!
Ваков пристап кон љубовта како основно и најубаво човечко чувство го среќаваме и во поетската збирка "Говор на срцето" на младата авторка Искра Донева, студент по Компаративна и светска книжевност. Родена во Скопје во 1983 година, таа со најдобар успех ја заврши познатата гимназија "Корчагин" и денес со одлични резултати ги завршува студиите на Филолошкиот факултет.
Искра плени со совршенството на својата личност, со својата култура и интелектуални капацитети, со полнотата на своите чувства, со животната радост, која ја искажува со насмевката и позитивниот пристап, со заинтересираноста за духовните вредности и со своите творечки остварувања, меѓу кои е и збирката "Говор на срцето”.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2005 Кирил Темков

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
