ОДРЖАН ФОРУМ НА СЕРВИСНИТЕ СЛУЖБИ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
На 16 и 17 ноември 2006 година на Филозофскиот факултет беше одржан форум на сервисните служби во организација на Македонското научно здружение за аутизам и Европската асоцијација на обезбедувачи на услуги за лицата со пречки во развојот на кој беа поканети сите директори на установите за лица со пречки во развојот во Република Македонија и дел од невладиниот сектор. Главна цел на семинарот беше учесниците да добијат подобар увид во различните можности на финансирање од Европската унија и Европското законодавство.
Форумот го отвори и со него раководеше претседателот на МНЗА доц. д-р Владимир Трајковски. Официјално добредојде на присутните им посакаа деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Трајан Гоцевски и г-ѓа Carmen Duarte-потпретседател на EASPD. Како предавачи учествуваа г-н Jelle Reynaert (EASPD), г-ѓа Carmen Duarte-потпретседател на EASPD,
г-ца Katrijn Dekoninck (EASPD), проф. д-р Љупчо Ајдински-почесен претседател на МНЗА и г-н Владо Крстовски од центарот „Порака“. Г-н Jelle Reynaert (EASPD) присутните ги запозна со структурите на ЕУ и Советот на Европа и со содржината на Европското законодавство за лицата со пречки во развојот во различните земји членки и кандидати за Европската унија. Запознавање со европските буџетни програми и буџетските права, начините на финансирање на социјалните услужни сервиси за лицата со пречки во развојот и за насоките на организација на проекти, беше задача на г-ца Katrijn Dekoninck (EASPD). За дополнителните вредности на меѓусебното поврзување на услужните сервиси и за начините на соработка со авторитетните институции зборуваше г-ѓа Carmen Duarte.
Почесниот претседател на МНЗА проф. д-р Љупчо Ајдински присутните ги запозна со социјално услужните сервиси во Македонија: законските рамки, искуства и проблеми.
Беа дискутирани голем број прашања и проблеми, беше организирана и работа во групи, а од сето тоа произлегоа голем број идеи меѓу кои е и идејата за отворање МАСПД-асоцијација на македонски сервисни служби, нешто слично на тоа што ЕАСПД претставува за Европа.
Ова беше само првата половина од форумот. Втората средба ќе биде во месец март во 2007 година кога се планира да се преземат поконкретни чекори за идни заеднички проекти со ЕАСПД.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2006 Јасмина Ивановска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
