КАРАКТЕРИСТИКИ ВО РАЗВОЈОТ НА МОТОРИКАТА, КОМУНИКАЦИЈАТА, СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА И САМОПОСЛУ­ЖУВАЊЕТО КАЈ ДЕЦА СО УМЕРЕНИ ПРЕЧКИ ВО ПСИХИЧКИОТ РАЗВОЈ

Автори

  • Анета СТЕФАНОВСКА Institute for Rehabilitation of Children and Youth, Skopje, Macedonia

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Магистерскиот труд е презентиран на 153 стра­ни­ци, со вовед, теоретски дел, истражувачки дел, анализа и интерпретација на резултатите, заклучни сознанија со предлог-мерки, литера­тура и прилози. Резултатите од истражувањето ги презентира со 37 табели и графикони.      

Во воведот ја поставува задачата на своето ис­тра­жување т.е. можностите и карактеристиките во развојот на моториката, комуникацијата, со­ци­јализацијата и самопослужувањето кај деца со умерени пречки во психичкиот развој, неза­вис­но дали се опфатени во стационарна инсти­ту­ција (една група испитаници) или во посебни основни училишта (друга група испитаници).

Во теоретскиот дел е разработена умерената мен­тална ретардација со дефиниција, етиоло­ги­­ја, класификација и развој на моториката, ко­му­никацијата, социјализацијата и самопос­лу­жу­ва­њето.

Во истражувачкиот дел се дефинирани пред­ме­тот, целите, задачите, хипотезите, варијаблите, методите, техниките и инструментите. Дава анализа на примерок од две групи испитаници и резултатите ги компарира.

Во анализа и интерпретација на резултатите, во првите четири точки се зборува за процената на развиеноста на моториката, комуникацијата, социјализацијата и самопослужувањето кај де­ца­та. Во петтата точка утврдува корелација меѓу:

·         моторика и социјализација;

·         моторика и комуникација;

·         моторика и самопослужување;

·         социјализација и комуникација;

·         социјализација и самопослужување;

·         комуникација и самопослужување.

Податоците укажуваат дека воспитно-образов­ни­от процес независно каде се реализира дове­ду­ва до развој на децата. Децата со умерени пречки во психичкиот развој покажуваат ниско ниво на развиеност во областите опфатени со ова истражување, во споредба со развојните нор­ми што се општо прифатени. Таквите деца не­зависно од возраста и степенот на когни­тив­но функционирање имаат дисхармоничен мо­то­рен развој.

Овие резултати може да се подигнат на по­ви­со­ко ниво со систематска, мултимодална, сеоп­фатна и интензивна програма прилагодена кон секое дете.

Предлог мерките се:

·         координираност меѓу стручните лица кои учествуваат во третманот на децата;

·         рано откривање и оцена на специфичните потреби;

·         следење на третманот и резултатите од третманот;

·         работа со семејствата;

·         следење и примена на нови практични и теоретски искуства;

·         перманентно иновирање на програмата за работа со овие деца.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2007-03-31

Како да се цитира

КАРАКТЕРИСТИКИ ВО РАЗВОЈОТ НА МОТОРИКАТА, КОМУНИКАЦИЈАТА, СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА И САМОПОСЛУ­ЖУВАЊЕТО КАЈ ДЕЦА СО УМЕРЕНИ ПРЕЧКИ ВО ПСИХИЧКИОТ РАЗВОЈ. (2007). Дефектолошка теорија и практика, 8(1-2), 96-97. https://doi.org/10.2478/