СЕ ОДРЖА ТРКАЛЕЗНА МАСА ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
На 26.09.2007 година на одржаната тркалезна маса на тема: „Состојба, проблеми и развој во образованието и вработувањето на лицата со инвалидност во РМ” по уводните излагања и дискусиите од страна на учесниците на тркалезната маса се донесоа следните ЗАКЛУЧОЦИ:
1. Министерство за образование и наука и Министерство за труд и социјална политика во рамките на своите надлежности да пристапат кон измени и дополнувања на законските прописи и со новите измени да обезбедат:
· прифат на децата со развојни проблеми и посебни образовни потреби во предучилишното, основното и средното образование;
· критериуми и стандарди за вклучување (инклузија) на инвалидните деца во редовните предучилишни, основни и средни училишта;
· соодветен дефектолошки кадар, вработување на дефектолози, дополнителна стручна помош во текот на работната недела од 3 часа за предучилишна и 5 часа за училишна возраст, односно да се обезбеди вработен дефектолог;
· обезбедување банка на податоци.
2. Министерството за образование и наука и Министерството за култура да обезбедат печатење на учебници и други книги за сепите лица, а исто така добро да се согледа начинот и времето на интеграција на децата во образовниот процес, да се овозможи објективна и стручна оценка за вклучувањето;
3. Во новиот Предлог-закон за високо образование да се обезбедат одредени бенефиции за лица со оштетен слух, оштетен вид и тешко телесни инвалидни лица со обезбедување на одредени права како: за глуви право на толкувач, знаковен говор како можност за комуникација, за лица со оштетен вид: да се обезбеди техничка помош и обука за Браево писмо за сите слепи лица и компјутери со потребна соодветна софтверска програма со печатачи и читачи, како и создавање услови за тешко телесно инвалидни лица за пристап до просториите во образовните институции, како и одредени бенефиции при упис и изборна постапка, стипендии, престој, исхрана и др. и финансиска компензација на државата за определените бенифиции;
4. Натамошно развивање на процесот на отварање на дневни центри, деинституционализација на децата од посебните институции, избор на биолошки и други семејства, изборот на станови за домување со претходно изградена стратегија и донесување закон за остварување на оваа дејност и нејзино финансирање;
5. Министерството за труд и социјална политика да подготви Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на законот за вработување на инвалидни лица со кои ќе се уреди зголемување на процентот од 5% на 15% од вкупно остварените средства од постојниот придонес за вработување издвоени на потсметката во Агенцијата за вработување на Р. Македонија (Посебен фонд) со примена од 01.01.2008 година;
6. Агенцијата за вработување на РМ доследно да го применува Правилникот за работно оспособување по барање на претпријатијата кои вработуваат инвалидни лица;
7. Во средното и високото образование потребно е да се обезбедат нови занимања и работни операции зависно од видот и степенот на оштетувањата на инвалидните лица, со што ќе се отворат поголем број на работни места-со можност за обезбедување на занимања од електрониката и информатиката во наредниот период, односно перспективен развој;
Оперативното тело при Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност да определи и ангажира работна група од 3 члена и тоа во состав: Боге Чадиновски-проф. дефектолог, Владо Додевски-дипл. инж. за заштита при работа и Љупчо Ефремов-проф. дефектолог, која ќе изготви номенклатура на занимања на кои може да работат инвалидизираните лица и координативното тело ќе се ангажира да им обезбеди просторни и материјални финасиски средства за овој проект;
9. Составен дел на овие заклучоци се предлозите од уводните излагања на тркалезната маса за образованието, законската регулатива, вработувањето на инвалидните лица, како и предлозите што произлегуваат од дискусиите и работните материјали;
10. Инвалидните лица ги потсетуваат надлежните институции во државата и одговорните лица на мотото: НЕ ПРАВЕТЕ НИШТО ЗА НАС-БЕЗ НАС;
11. Координативното тело да го задолжи оперативното тело, претседателот и секретарот на Националното координативно тело да укажуваат и да барааат од надлежните институции реализација на овие заклучоци.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2007 Боге Чадиновски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
