ВТОР ФОРУМ НА ПРОЕКТОТ „COMMON VOICE NETWORK PROJECT“
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Вториот форум во рамките на проектот „Common Voice Network Project“ се одржа од 19 - 20. 03. 2009 година, во просториите на хотелот „Анна“ во Будимпешта.
На Форумот беа присутни 10 члена меѓу кои претставници од следниве организации: Фондацијата Hand in Hand од Унгарија, г-ѓа Agne Raudemees од EVPIT- Естонија, г. Владимир Илиевски од МНЗА-Македонија, г-ца Zsuzsanna Orbán од DisabNet-Романија, г. Luk Zelderloo одEASPDи на неколку малиНВОод Будимпешта чии проектни активности се насочени во однос на заштитата на правата на лицата со инвалидност.
Форумот официјално започна со поздравно обраќање до учесниците од страна на г. Ákos Pordán, претседател на фондацијата Hand in Hand. За постигнатите резултатите од досегашното истражување, за законската легислатива и антидискриминатоската политика и мерки кои се преземаат во одредени земји кои учествуваат во проектот, ги презентираше г. Daniel Gal, Програмски координатор во фондацијата Hand in Hand.
Во текот на првиот ден од форумскиот дел, секој претставник, одделно од секоја организација која учествуваше во проектот, ги презентираше активностите што ги иницираа преку акциониот план, а кои се однесуваа на следењето на законската легислатива за лицата со инвалидност; на иницирањето на постоечките проблеми од страна на организациите; на институциите кои се директно одговорни за решавањето на проблемите; на лоби-активностите што треба да се преземат во насока за подобрување на правата на лицата со инвалидност во општеството.
Презентацијата на г. Luk Zelderloo, од EASPD, за носечките документи и програми за заштита на правата на лицата со инвалидност во рамките на ЕУ, побуди голем интерес кај учесниците. Притоа, поединечно се анализираше состојбата за одделни земји кои се членки во ЕУ, посебно за земјите Естонија, Романија и Унгарија кои присуствуваа на форумот, во однос на нивниот прогрес, како и негативностите во имплементацијата на постоечките директиви од страна на ЕК. Претставникот истакна дека не постои унифицираност во однос на заштитата на правата на лицата со инвалидност. Постојат земји од ЕУ кои се многу понапред, но и земји кај кои постојат одредени проблеми во однос на директната практична имплементација на постоечките ратификувани законски документи за заштита на правата на лицата со инвалидност од страна на ЕК. Од големо значење е да се преземат одредени методи за лобирање преку пратениците кои учествуваат во Европскиот парламент, од страна на невладиниот и владиниот сектор за конкретно решавање на проблемите во однос на заштитата на правата и антидискриминаторската политика на лицата со инвалидност. Потребно е да се наметнат одредени обврзувачки услови за земјите кои претендираат за членство во ЕУ, како критериум да ги имаат токму заштитата и унапредувањето на правата на лицата со инвалидност согласно со ЕУ-стандардите.
На вториот ден од програмскиот форум беа дадени конкретни упатства за работа од страна на г. Daniel Gal, кои се однесуваа на дефинирањето на конкретни проблеми по одредени области: кои организации се одговорни за решавање на истите, кои чекори и лоби активности треба да се преземат и кои би биле очекуваните резултати за решавање на проблемот.
Претставникот на МНЗА го дефинираше и презентираше проблемот во однос на злоупотребата на правата на лицата со инвалидност за вработување во заштитните работилници, конкретно искористувањето на Посебниот фонд наменет за вработување на лицата со инвалидост од страна на работодавачите. Притоа, како одговорни институции беа спомнати Министерството за труд и социјална политика (Одделот за трудова инспекција), Заедницата за вработување на инвалидизирани лица, НВО-секторот, особено оние кои работат на заштитата на правата на лицата со инвалидност, а притоа слабо го актуелизираат проблемот, како и слабиот контролен механизам на следење на директното спроведување на одредбите кои постојат во актуелниот Закон за вработување на инвалидизирани лица.
И овој пат се истакна потребата во однос на антидискриминаторската политика која треба да ја води Република Македонија во однос на заштитата на правата на лицата со инвалидност преку нивно поактивно вклучување на отворениот пазар на трудот.
Беше потенциран и проблемот дека постои директно загрозување на правата на одредена група со инвалидност, конкретно лицата со аутизам во Република Македонија кои се целосно маргинализирани во општеството, немањето на дневни центри, слабиот интерес од страна на владините институции за решвање на проблемот со нивната заштита.
Во однос на следниот чекор на одржување на активностите поврзани со проектот, се даваа предлози кои организации за заштита на лицата со инвалидност преку нивни претставници би се повикале да присуствуваат на финалната конференција која треба да се одржи во месец септември.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2009 Владимир Илиевски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
